Нашето тело е во секој час од денот си ја извршува својата работа прецизно. Прочитајте подолу кое е најдоброто време да ги искористите можностите на вашето тело, а кога да ги одморите некои делови од телото, за да бидат здрави, одморни и добро да функционираат.
00 часот
Отсечени сме од дневниот ритам, се чувствуваме сами па дури и ако делиме со некого кревет. Сега се приближуваме до состојбата пред нашето раѓање, сами сме, на топло и склопчени. Изненадувачки, нашата кожа се обновува многу побрзо ноќе отколку во текот на денот, што се должи на забрзаната поделба на клетките.
1 часот
Еден или два часа од кога ќе заспиеме, сонот е најдлабок. Ноќе сонуваме на секои 90 минути, а сонот може да трае и до еден час. Неговата длабочина кон утрото постепено се намалува. Оној кој е буден во ова време се спушта кон најниското ниво на активност што телото го достигнува околу 3 часот наутро. Тогаш се случуваат најголем број на несреќи и катастрофи предизвикани од небрежност.
2 часот
Оние кои си легнуваат во ова време, може да чувствуваат студ во нозете и намалена циркулација бидејќи протокот на крв се забавува. Кожата станува речиси нечувствителна на убод од игла.
3 часот
Помеѓу 3 и 4 часот наутро, човекот е на најниската точка на сите физички и ментални активности, што делумно се должи на хормонот мелатонин. Овој хормон го прави човекот поспан и нестабилен. Во текот на денот поради дејството на дневната светлина се спречува лачењето на овој хормон па поради тоа сме повеќе расположени и поактивни. Само оние кои пијат и пушат во овој период може да бидат задоволни, бидејќи црниот дроб започнува да работи посилно, така што разложувањето на алкохолот е побрзо, а бидејќи телото сега подобро го толерира недостигот на кислород, пушачите привремено се чувствуваат подобро.
4 часот
Телото прима дел од стрес хормонот наречен кортизол. Овој хормон делува на телото како батерии на електричен автомобил, кои се наполниле ноќе и сега се подготвени за дневна работа.
5 часот
Во ова време телото лачи максимална количина на машкиот хормон тестостерон. Концентрацијата на кортизол е шест пати поголема од дневниот просек.
6 часот
Лачењето на кортизол во овој период му делува на телото како будилник. Целиот организам се „буди“. Во крвотокот навлегуваат зголемини количини на гликоза и аминокиселини. На овој начин, енергијата и протеините го подготвуваат оганизмот за претстојниот ден.
7 часот
Притисокот и телесната температура се зголемуваат, телото почнува да работи, човекот станува активен. Сега е времето за појадок.
8 часот
Најдобро време за љубов, бидејќи ова време жлездите лачат најмногу хормони. Алкохолот во ова време делува најсилно, па може да се опиете и од половина од количината што вообичаено вашиот организам ја толерира.
9 часот
Мозокот во ова време е најбистар. Ако се подготвувате за настап или испит сега е најдобро време да се „преслушате“. Ако примате инекција или се вакцинирате, направете го тоа во 9 часот, бидејќи нема да имате треска или вртоглавица.
10 часот
Температурата на телото во овој момент го достигнува својот максимум, а со тоа и можноста за извршување на задачи. Во ова време срцето е многу почувствително на стрес, и чука многу побрзо отколку да речеме во вечерните часови.
11 часот
Време на концентрација. Најпосле организмот е целосно буден. Уморот подоцна го совладува.
12 часот
По фазата на максимална активност следи потреба за одмор. Оние кои не се придржуваат до тоа можат да направат многу грешки на работното место. Овој премин од првата во втората фаза од денот е проследена со зголемување на количината на киселина во желудникот.
13 часот
Во овој час, способноста за работење се намалува за 20% во однос на дневниот просек. Сега жолчката е особено активна.
14 часот
Крвниот притисок и присуството на хормони продолжуваат да опаѓаат. Ви се спие. Получасовен одмор би бил најсоодветен во ова време. Во ова време локалната анестезија работи најефективно. Посетата на стоматолог е помалку болна од вообичаено, бидејќи забите се најмалку чувствителни на болка во тој период од денот. Инекциите за болка сега се ефективни 30 минути, а навечер само 19 минути.
15 часот
Почеток на нова активност. Добро време за учење и физички активности
16 часот
Крвниот притисок и протокот на крвта се зголемуваат. Ова е најдобро време за спортисти. Фабричките работници сега имаат најголема продуктивност. Во ова време лековите за намалување на киселините во желудникот функционираат најдобро.
17 часот
Помеѓу 17 и 18 часот телото е најактивно, но сепак пониско отколку во утринските часови. Работата на срцето се зголемува исто како и потрошувачката на кислород. Тоа е време на интензивна работа на бубрезите и мочниот меур, а помеѓу 16 и 18 часот нашите нокти и коса растат најбрзо.
18 часот
Телото се подготвува за вечерниот одмор. Сега човекот ја посакува топлината на домот, склон е кон читање и разговарање. Телото е подготвено и за вечерниот оброк. Панкреасот е особено активен, па затоа е малку полесно да се толерира алкохолот.
19 часот
Пулсот и крвниот притисок природно се намалуваат, така што лекарите не препорачуваат да се земаат апчиња за намалување на притисокот во овој дел од денот. Подготовките на централниот нервен систем сега имаат зголемено влијание.
20 часот
Во телото се случуваат значителни промени. Содржината на маснотиите во црниот дроб се намалува, а употребената крв се враќа во срцето или белите дробови. Лековите за алергија или астма работат најдобро во овој период. Од 20 часот до 4 часот наутро антибиотиците делуваат најефективно, а најдобро време за земање на антибиотици е 20 часот и 30 минути.
21 часот
За органите за варење започнува времето за одмор. „Заспаниот“ стомак и желудник сè уште ја примаат храната но повеќе не ја варат. Несварена, таа го чека утрото. Ова може да ја оштети цревната слузокожа.
22 часот
Способноста на телото е значително ослабната. Оние кои стануваат рано, веќе треба да спијат. Во овој период има голем број на леукоцити во крвта, бели крвни зрнца. Пушачите треба да престанат да пушат, бидејќи во овој период од денот, способноста на телото да ги разложи отровите е речиси нула.
23 часот
Работата на срцето, крвниот притисок и телесната температура се намалуваат. Оваа фаза научниците ја нарекуваат – време на парасимпатикусот. Парасимпатикусот ја превзема контролата врз телото. Време е за во кревет!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.