Намера, во буквална смисла значи да имаме план, идеја или цел да направиме или постигнеме нешто. На санскрит, се преведува како санкалпа. Санкалпата ја создаваме во нашиот ум со волја, желба или имагинација. Намерата е повеќе од обична мисла. Таа е мисла создадена од желба, придвижена со волја и насочена кон некоја цел. Намерите се од витално значење за нашиот успех и опстанок во светот. Тие се важен аспект на човечката интелигенција и главно се одговорни за различностите во човековите однесувања и меѓучовечките односи.
Намера и карма
Многу луѓе не знаат или не обрнуваат внимание на фактот дека кармата започнува со намера. Акцијата или мислата станува добра или лоша во зависност од намерата позади истата. Не можеме да го распознаеме карактерот на луѓето набљудувајќи ги само нивните постапки од страна. Треба да ги сфатиме нивните намери и скриени агенди што ги носат зад „маските“.
Како дел од нашето растење и учење, ние сме условени да прикажуваме општествено одобрени норми на однесување. Човек може да изгледа дека се занимава со корисни, љубезни и добронамерни активности, но да биде мотивиран од некои себични причини. Исто така човек, може да покаже гнев и незадоволство, но зад тоа негативно однесување да се крие добра намера. Затоа, треба да избегнуваме да брзаме со осудување врз основа на постапките на некоја личност која можеби ја познаваме. Мораме да ги сфатиме вистинските мотиви или основните намери на таа личност кои можеби не се лесно видливи.
Нашите намери се важни не само во нашите односи со другите, туку и во нашите лични животи. Тие започнуваат верижна реакција и ја манифестираат нашата реалност, па дури и нашите судбини. Тие ги разгоруваат нашите страсти и емоции, ги поттикнуваат нашите соништа и аспирации и во голема мера влијаат на нашите цели и постапки. Затоа, многу е важно да сме свесни за намерите и да ги користиме на правилен начин.
Видови намери
Намерата има своја моќ. Таа е или свесна или потсвесна. Може да го знаеме тоа однапред, но може и воопшто да не сме свесни. Повеќето намери се забораваат откако ќе се создадат. Тие остануваат скриени некаде во потсвесниот ум и продолжуваат да влијаат на нашите мисли и постапки.
Кога сме сведок на некои неочекувани настани во нашите животи, ние ја припишуваме нивната кауза на некој надворешен ентитет или неповрзана ситуација. Но, за волја на вистината, тоа се намери, заборавените, потиснати или модифицирани намери што ја манифестираат неочекуваната реалност.
Во зависност од природата на намерите, можеме да ги поделиме на добри и лоши. На пример, добра намера е намерата да им помогнеме на другите или да се подобриме себеси. Примери за лоши намери се намери да повредиме или наштетиме на другите, намерата да измамиме некого или намерата да се земе нешто што не ни припаѓа.
Кога намерите се повторуваат, тие стануваат латентни впечатоци (самскари) и го формираат семето за следниот живот.
Намерата во духовниот живот
Намерата (санкалпа) е важен аспект на духовната пракса во хиндуизмот, џаинизмот и будизмот. Ведите ја признаваат вистинската намера како основа за добра карма и ослободување. Буда го идентификувал тројниот аспект на вистинската намера како: „намера за одрекување, намера за добра волја и намера за безопасност“.
Вистинската намера игра важна улога и во надминувањето на лошите квалитети како што се страста, алчноста, гордоста и сл. Највисока од сите намери е намерата за ослободување, чиишто дел е намерата за одрекување, одвојување, негување на доблест и сузбивање на менталните модификации.
Намера и манифестација
Секоја мисла што ја испраќаме кон Универзумот се враќа кон нас со обновена енергија. Кога негативните мисли ќе излезат од нас, тие се враќаат повторно со засилена енергија.
Позитивните мисли од друга страна внесуваат позитивна енергија, воспоставувајќи мир и хармонија во нашата свест. Позитивните активности носат позитивни награди, а негативните резултираат со негативни последици.
Свесно или несвесно, доброволно или случајно, оставаме работите да се случат, прво преку нашата намера, потоа преку мислите и верувањата и конечно преку силата на дејствување и внимание. Во нашите мали микрокосмоси ние сме господари и креатори на нашата судбина.
Преку нашите постапки и мисли, ние постојано создаваме ефекти во светот околу нас и ги манифестираме сопствените реалности. Што и да дадеме во Универзумот, се враќа кај нас. Бидејќи сите сме меѓусебно поврзани, она што сите го правиме колективно преку нашите мисли и дејствување, исто така, влијае врз нас колективно. Затоа треба да бидеме многу внимателни за тоа што правиме или имаме намера да правиме во нашите животи.
Одговорност за сопствените намери
Ние многу често ги обвинуваат другите за негативните ситуации што ни се случуваат. Не прифаќаме одговорност за она што го мислиме и посакуваме. Треба да избегнуваме да им посакуваме на другите да им се случи нешто лошо или да мислиме како да ги повредиме. Кога поминуваме низ тешка ситуација, подобро е да ги побараме причините во себе наместо да ги обвинуваме другите. Најверојатно, почетната точка на таа тешка ситуација лежи во некоја негативна мисла или намера што сме ја прифатиле.
Кога прифаќаме одговорност за настаните во нашиот живот и ги бараме причините во себе, стануваме свесни за процесот на размислување што можеби започнал верижна реакција.
Намерата да им помогнеме на другите, намерата да се прочистиме и намерата да ја надминеме својата пониска природа се едни од најдобрите решенија за надминување на негативноста и неволјите во нашиот живот.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.