Потребни состојки за муџадара:
- 470гр. зеленчукова супа;
- 90гр. басмати ориз;
- 90гр. кафена леќа;
- малку свежо нане
- 1 лажичка маслинов масло;
- 1 кромид (половина исецкан на коцки, половина исецкан на ленти)
- 4 чешниња лук;
- малку ким;
- малку цимет;
Потребно време за подготвка на ова јадење е 50 минути.
Нутритивна вредност: калории 210; натриум 480мг. (20%); масти 2.5гр. (4%); протеини 9гр. (18%); јаглехидрати 38гр. (13%); влакна 9гр. (36%)
Начин на подготовка
Во сад на оган на средна температура додајте малку маслиново масло. Додајте го исецканиот кромид и лук. Пропржете неколку минути додека кромидот не омекне. Додадете го кимот и циметот и мешајте додека не замириса, околу 15тина секунди. Додајте ја супата од зеленчук, оризот и леќата. Покријте го садот и оставете да се вари околу 30-40 минути. Додека леќата и оризот се варат, на тавче на оган ставете го преостанатиот кромид исецкан на ленти. Пропржете го околу 5 минути додека не добие светло кафена боја. Додајте 1 лажичка маслиново масло и продолжете да го пржите кромидот уште 15тина минути на намалена температура, повремено мешајќи го додека не зарумени и почне да крцка.
Проверете ја леќата и оризот. Ако супата е апсорбирана, тогаш тргнете ја муџадара од оган. Доколу супата сè уште не е апсорбирана оставете ја да проврие уште 5-10 минути. Кога ќе биде готова оставете ја да отстои околу 5 минути. Послужете ја леќата и оризот со крцкавиот кромид и свежо нане.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.