Потребни состојки:
- 8 јајца;
- 100гр. рендан пармезан;
- 250гр. рикота сирење (како замена може да користите урда);
- 1 лажичка сол;
- ¼ лажичка бибер;
- 2-3 тиквички;
- 300гр. домати;
- свеж босилек;
- маслиново масло;
- 1 кило леб (лебот треба да биде еден ден стар);
Потребно време за подготовка на ова јадење е 65 минути.
Нутритивна вредност: калории 250; натриум 670мг. (28%); масти 17гр. (26%); протеини 18гр. (35%); јаглехидрати 5гр. (2%); влакна <1гр. (4%)
Начин на подготовка:
Во голем сад изматете ги јајцата, додајте ја рикотата, пармезанот, сол и бибер. Загрејте ја рерната на 180⁰C. Во меѓувреме исецкајте ги доматите и исцедете ги од вишокот сок. Исецкајте ги и тиквичките на ситни парчиња. Во садот со јајцата и сирењето додајте ги доматите, тиквичките и сецканиот босилек. Лебот исецкајте го на ситни коцки. Додајте го и него во смесата.
Тавата во која ќе ја печете мусаката со тиквички премачкајте ја со маслиново масло. Додајте ја смесата и печете 30-тина минути. Кога ќе биде готова, оставете ја да се олади 10-тина минути пред да ја послужите.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.