Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Јога»Моќта на јога заедницата
    Јога

    Моќта на јога заедницата

    omnia.mkBy omnia.mk04/08/2020Updated:17/01/2023Нема коментари4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    јога заедница. повеќе луѓе седат на земја
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Јогата е несомнено индивидуална и лична пракса. Иако сите одиме по истиот пат, патувањето на секој од нас е крајно уникатно. Но, сепак, дури и кога практикуваме јога самостојно постои одредено чувство за поврзаност со пошироката заедница, обединетост преку заедничката љубов кон јогата. Силата на ова поврзување е скоро опипливо на групен час, кога дишењето и движењето се синхронизираат хармонично со другите околу нас.

    Практикување со истомисленици не само што ја инспирира душата, туку заедницата делува со голем број придобивки врз здравјето и благосостојбата, како физичкото така и менталното. Во свет во кој дигиталната комуникација стана норма, култивирање на вистинска врска преку заедница е поважно од кога било досега.

    Важноста и моќта на јога заедницата

    Желбата да се поврземе со другите е основен дел од човечкото искуство. Ние копнееме и бараме чувство на припадност. Ова биолошко уверување е движечка сила зад многу улоги и врски во нашите животи, а врските што ги создаваме со другите неспорно го забрзуваат духовниот раст.

    Како и јогата, заедницата претставува поврзаност и единство. Кога ќе ги споиме заедно, нивната моќ е засилена, овозможувајќи ни да се чувствуваме безбедно во нашето патување било да е самостојно или групно.

    Всушност, невозможно е да се одделат заедницата и јогата. Без разлика дали практикуваме сами или со стотици практиканти, ние сте дел од глобалната мрежа на истомисленици и чисти битија чија врска ги надминува замислените граници на раса, религија или нација. Ова е една од многуте неверојатни работи за јогата, дека нешто толку лично, може да обедини толку многу луѓе.

    Ослободување од егото

    По својата природа заедницата го намалува влијанието на егото. Ова е особено важно кога станува збор за јога заедница бидејќи е изградена врз основа на „seva“ или „несебично давање“. Сева бара од нас да го оставиме егото настрана и да ја видиме природната поврзаност на сите суштества.

    Сознанието дека сите ние сме дел од истата целина има тенденција да ја „скрши“ претставата за себе или „јас“, дозволувајќи индивидуалното его да се пренасочи во колективна свест. Со ова доаѓа чувство на обединување, понизност, почит и благодарност, квалитети кои имаат неизмерно позитивно влијание врз нашите социјални врски.

    Сочувство

    Со поврзаноста доаѓа и сочувството. Во Јога Сутрите се споменати јамите кои се пет етички принципи за живеење на живот со сочувствителност со сите околу нас.

    Со принципи како овие, нè изненадува што јога заедницата е позната по култивирање сочувство. Овие квалитети не само што не поттикнуваат да создаваме нови пријателства, туку и да ги зајакнеме постојаните. Кога градиме врски на овој начин, истите цветаат.

    Стануваме повеќе одговорни за нашето опкружување и луѓето во него, помалку реактивни и повнимателни. Уште повеќе јогата бара од нас да бидеме целосно присутни, вештина која полека „исчезнува“ во модерното живеење. Денес, повеќето од нас се толку зафатени што ни недостасува фокус потребен за вистински да ги слушнеме другите.

    Најважен дел од јогата е присустноста во сегашниот момент, а заедно со заедницата се квалитети кои се од витално значење за одржување на здрави врски.

    Споделување искуства

    Заедницата ни дава чувство на сигурност и доверба. Тука бараме утеха во тешки времиња. Особено јога заедницата треба да не охрабри да споделиме, нудејќи безбеден простор за изразување.

    Размената на искуства со другите е важен дел од секој процес бидејќи ни дава перспектива која што не би можеле да ја видиме сами. По групен час ни станува полесно да се соочиме со чувствата и емоциите, а исто така и да ги искажеме доколку чувствуваме потреба.

    Заедно посилни

    Да се биде дел од заедница исто така бара одреден елемент на одговорност, можност да се даде исто колку што се добива. Потребна е и желба за креирање на позитивна енергија за сите околу нас.

    Секоја од локалните јога заедници се поврзуваат со многу поширока заедница и ако се искористи моќта на оваа врска навистина може да се влијае на позитивни промени надвор од истите.

    Преку социјални медиуми, настани, собири, фестивали имаме изобилство од платформи преку кои можеме да ги споделиме индивидуалните перспективи за праксата.

    Обединети како едно

    Без заедница лесно се чувствуваме изолирано и исклучено. Но, кога се опкружуваме со истомисленици и инспиративни луѓе, заедничкото искуство што го имаме со нив ни дава сила и го овозможува духовниот развој.

    Моќта на јога заедницата доведува до сплотувањето на луѓе од различни култури и позадини и влијае на бран позитивни промени што ни се потребени во целиот свет.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    заедница јога јога пракса јогини пракса сочувство
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleИзгубената вештина – концентрација (dharana)
    Next Article Полнети печурки
    omnia.mk

    Related Posts

    Како да бидеме поддршка кога зборовите не се доволни?

    24/03/2025

    Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

    09/09/2024

    Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

    25/05/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.