Мислите се суптилни, но динамични живи сили со форма, димензија, атрибут, боја, елемент, моќ, па дури и тежина. Светската атмосфера содржи огромен број мисли, поттикнати од умот на безброј луѓе. Каде и да одиме, ги апсорбираме овие мисли. Одбиваме некои, привлекуваме други, во зависност од нашата сопствена природа. Бидејќи се вистински и силни живи сили, моќта на мислите е огромна и тие носат многу можности. Сепак, да се знае како да се манифестираат мислите во реалност е посебна уметност.
Вашиот најлош непријател не може да ви наштети толку, колку вашите (слободни, без надзор) сопствени мисли, . Но, откако ќе ги совладате, никој не може да ви помогне повеќе од нив.
Гаутама Буда
Манифестирање мисли
Најдобар начин да ги манифестираме нашите мисли е преку медитација. Практиката на медитација полека ќе го прочисти умот и ќе му помогне подобро да го разбере. Со текот на времето дури и да се спријатели со него. Всушност, пријателството со умот е главната цел на јогата и услов за нирвана или просветлување. Откако умот ќе стане пријател, ќе го открие процесот на претворање на мислите во физичка реалност.
Сè што е создадено од човештвото е плод на мислата. Пред да можеме да создадеме нешто, прво се замислува или мисли, а потоа се создава. Се разбира, постојат случајности што резултираат со прекрасни креации, но тие честопати се последица на потсвеста мисла.
Мислите нè водат во активност, што пак создава нови мисли. Круг кој никогаш не завршува. Како и за сè, важен е квалитетот, а не квантитетот. Умот што поттикнува мал број на мисли со голем квалитет ќе може лесно да ги претвори во реалност, додека умот со безброј мисли – повеќето од нив „пуштени“ несвесно – најверојатно ќе живее во најголема конфузија, неспособен да создаде многу вредност.
Јогата и медитацијата се најдобрите алатки за контрола, запирање и прочистување на мислите. Со пракса, чистиот ум со помалку прекини во размислувањето добива пристап до интуицијата, самоспознавање и повисоки ментални способности.
Сè што сме е резултат на сите наши мисли. Силата и слабоста, успехот и неуспехот, задоволството и болката се плод на нашите сопствени мисли. Што и да мислиме, стануваме – или веруваме дека стануваме, што на крајот на краиштата има ист ефект врз умот.
Медитирањето на било кој квалитет секој ден, како што се на пример силата или добрината, несомнено ќе има свои ефекти. Како што умот ќе почне да се фокусира на тој квалитет, ќе започне да го гради истиот во нашиот живот и карактер. За жал, системот работи слично и за негативни мисли.
Моќта на привлекување на умот
Умот има моќ да привлекува и одбива мисли. По природа, тој привлекува мисли слични на сопствените мисли и одбива сè што е спротивно на тоа. Тоа е основното ниво на умот.
Ова се случува каде и да одиме, квалитетот на нашиот ум и неговата содржина го отвора патот на нашиот живот. Ако носиме позитивни мисли,каде и да одиме, ќе привлечеме позитивност. Дури и во услови на неволја, позитивниот ум без сомнение ќе има пооптимистички поглед отколку негативниот ум.
Како да ги спречите негативните мисли
Кога негативните мисли се појавуваат во умот, важно е да разберете од каде доаѓаат и да не ги игнорираме. Ако само ги „забавуваме“, во основа им дозволуваме да останат во умот, формирајќи дел од нашата реалност. Ако ги потиснеме, тие полека добиваат упориште во нашиот потсвесен ум. Штом ова се случи, станува особено тешко да се ослободиме од нивниот стисок.
Мислите имаат навика да се повторуваат, тие добиваат сила со повторување. Колку се посилни, толку е посилна силата за привлекување на истиот квалитет.
Негативната мисла треба да се третира како натрапник во домот. Ние мора да ја разбереме ситуацијата и да се ослободиме од мислата со голема свесност. Свесноста е клучна, бидејќи во спротивнос само ќе ја потисне мислата во потсвесни слоеви на умот. Ова не е лесен подвиг, но ништо вредно не е лесно да се постигне во животот.
Како да престанеме со премногу размислување
Нашите мисли се мотивирани од нашите цели, соништа, стравови итн. Ум кој премногу или претерано мисли е всушност неорганизиран ум, без дефинирани цели или соништа. Не можеме да очекуваме да престанеме да размислуваме ако не ни е јасна разликата помеѓу она што ни треба и она што го сакаме.
Кога сме способни да ги разбереме нашите желби и потреби, тоа во голема мера ќе влијае и на квалитетот на нашите мисли. Штом нашите амбиции и потреби ќе ни станат целосно јасни, многу од мислите што ги имаме веднаш ќе изгубат на сила. Од друга страна другите мисли ќе добијат огромна сила.
Зачувување и употреба на енергијата на мислата
Индивидуалните мисли се генерално многу слаби, бидејќи умот генерира безброј мисли секој момент. Колку повеќе тие се „држат“ во рамките на нашата свест со целосен фокус, толку посилни стануваат.
За мислите да станат моќни, мора да се случат две работи. Првото е да се зголеми силата на мислата преку свесност, повторување и проширување. Повторувањето и проширувањето на мислата ќе ја направат доминантна. Свесноста ќе обезбеди таа мисла не само да лежи во потсвесниот ум, туку и во свесниот ум. Второ, менталната енергија мора да се зачува и зголеми. Медитацијата и јогата ќе помогнат да се зголеми менталната енергија.
Интроспекцијата на природата на мислите ќе ни помогне да се одвоиме од негативните размислувања. Ако се потрудиме да развиеме позитивни и конструктивни мисли, неизбежно ќе бидеме водени кон поубав живот.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.