Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Личен развој»Интуиција – „гласот“ кој не води
    Личен развој

    Интуиција – „гласот“ кој не води

    omnia.mkBy omnia.mk30/06/2018Updated:06/02/2023Нема коментари4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    интуиција
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Интуиција, тоа е гласот во главата кој ви кажува дека треба да го земете чадорот или мантилот. Тоа е чувстувото што го имате во стомакот кога чувствувате дека сте биле изневерени. Тоа е инстант врската што ја имате со вашиот најдобар пријател или пријателка. Тоа е претчувството дека треба да ја направите таа инвестиција или да го превземете тој ризик.

    Интуицијата е проучувана низ вековите. Од Аристотел до пионерските истражувања на Карл Јунг во почетокот на 20-век. Во поново време, интуицијата е поврзана со успешен менаџмент и е фаворизирана од стана на успешни поединци како Стив Џобс, кој вели: „Интуицијата е многу моќна. Според мое мислење помоќна и од интелектот. Интуицијата имаше големо влијание врз мојата работа.“

    Сепак, интуицијата има и лоша репутација. Тоа е така затоа што интуицијата не се смета за рационална и тоа може да претставува проблем во некои ситуации каде што се бараат премногу информации.

    Интуицијата е брзо донесување на пресуда. Таа доаѓа брзо во свеста на човекот. Лицето не ни знае дека го има тоа чувство. Сепак, интуицијата е доволно силна за да направи личноста да дејстува на неа. Интуицијата не е калкулација и вие не знаете целосно од каде таа доаѓа.

    И покрај заблудите, интуицијата е многу корисна. Тоа е еден вид интелигенција која ви овозможува да ги разберете и користите информациите кои ќе ве водат низ животот. Всушност некои научници тврдат дека интуицијата е највисоката форма на интелигенција.

    Научниците велат дека понекогаш групното размислување, или  желба да произведете одреден исход, може да предизвика вашиот рационален ум да отиде во погрешна насока. Во таквите ситуации интуицијата е таа што не спасува.

    Тоа „лошо “ чувство е вашата интуиција која кажува дека тоа е погрешната насока или одлука. Паметните луѓе ги „слушаат“ тие чувства, а најпаметните од нас – оние кои прават големи интелектуални чекори напред, не можат да го направат тоа без користење на моќта на интуицијата.

    Како интуицијата го подобрува вашиот живот ?

    Има се повеќе анегдотски докази во комбинација со солидни истражувачки напори што укажуваат дека интуицијата е критичен аспект на тоа како луѓето комуницираат во општеството и за тоа, како во крајна линија, донесуваме многу од нашите одлуки. Еве што можете да направите:

    • слушајте си го внатрешниот глас, наместо да го игнорирате. Поминете некое врмеме со себе и слушнете што има да ви каже гласот во главата. Најчесто ги донесуваме нашите најдобри одлуки кога ги балансираме нашите инстинкти и рационалното размислување;
    • бидете сочувствителни. Ова значи дека треба да можете да го прочитате говорот на телото и тонот на гласот на другиот, за да ги разберете неговите мисли и чувства. Тоа е ефикасен начин да се развијат повеќе значајни односи;
    • слушајте го вашето тело, понекогаш тоа ни кажува дека нешто не е во ред. Не го игнорирајте „превртувањето“ во стомакот;
    • анализирајте ги вашите соништа. Додека некои соништа не се значајни, постојат многу соништа кои се обидуваат да ни кажат нешто. Не ги отфрлувајте овие соништа. Запрашајте се: „Од каде дојде овој сон?“ и „Дали можам нешто да научам од него?“
    • ослободете се од негативните емоции, вашата интуиција може да не „функционира“ кога сте лути или депресивни. Овие негативни емоции не се добри за вашето здравје или за продуктивноста.

    Интуицијата е моќен дел од нашата интелигенција, која може да ни помогне во донесување на подобри одлуки.

    Совети како да ја искористите моќта на интуицијата

    1.Што е интуција ? – при одлучување вие најверојатно ќе се натпреварувате помеѓу вашите мисли и вашата интуиција. Наместо премногу да размислувате или да ја анализирата ситуацијата, размислете како се чувстувате во врска со одлуката, наместо да размислувате за истата. Имајте во предвид дека кога ја слушате интуицијата треба да бидете смирени.

    2.Внатре или надвор? – дали постојат надворешни сили, вашето семејство, пријателите или колеги кои ве туркаат во одреден правец? Тоа не е секогаш лошо, но запомнете, надворешните сили, секогаш имаат агенда, па затоа бидете претпазливи. Спротивно на ова, вашето внатрешно чувство секогаш го има најдобриот интерес за вас.

    3.Водете дневник – пишувајте ги вашите мисли и чувства на хартија, дури и ако немате многу да кажете, помага несвесниот ум да се отвори.

    4.Запомнете дека вашата интуиција може да погреши. Иако треба да ја слушате вашата интуиција, односно вашиот внатрешен глас, постојат моменти кога може да биде погрешна.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    интуиција личен развој спиритуалност
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleКолку време може да чуваме храна во фрижидер?
    Next Article Нервот vagus – нервот скитник
    omnia.mk

    Related Posts

    Телото како сведок на сè што премолчуваме

    02/05/2025

    Кога звукот лекува – разговор со звукотерапевт, Ива Зафировска

    25/04/2025

    Дали сме научени да се задоволуваме со премалку?

    21/04/2025

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.