Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Јога»Медитацијата и мозочните бранови
    Јога

    Медитацијата и мозочните бранови

    omnia.mkBy omnia.mk14/03/2022Updated:13/01/2023Нема коментари3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Медитацијата и мозочните бранови
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Животот ни се прикрадува кога најмалку очекуваме. Ние си го поминуваме денот како и многуте претходни, и одеднаш чувствуваме бран на вознемиреност и стрес. Би сакале да веруваме дека светот може да престане да се врти за момент, но знаеме подобро од тоа. Всушнсост, ние сме тие што треба да престанеме да се вртиме. Треба да научиме дека ни е потребен одмор и оддишка, а тоа може да биде од суштинско значење за нашиот успех и благосостојба. Медитацијата има многу придобивки и може да се практикува во различни услови.

    Со медитација, можеме да ја намалиме анксиозноста и стресот, да имаме добро избалансирано емоционално здравје, позитивна слика за себе, самосвест. Откако ќе го најдеме и ќе научиме како да го создадеме сопствениот мир ја намалуваме потребата да посветуваме внимание на лоши навики. Медитацијата може да се практикува на многу начини и затоа може да се прилагоди за искуството на поединецот. Може да биде духовно, практично, кратко, долго, со или без музика, индивидуално, во група, водени со инструктор итн. Наше е да одбереме како можеме да ја користиме медитацијата во секојдневниот живот и да ја подобриме нашата благосостојба.

    За да бидеме најдобрите верзии од себе, мора да се грижиме за нашиот ум. Мозокот има многу улоги, одговорности и тој е витален дел од нас. Можеме да го комбинираме нашето знаење за мозочните бранови и практиката на медитација. Нашите мозочни бранови играат посебна улога во медитацијата. Тие се мерат со фреквенции, како и со брзина од бавно кон брзо. Петте вообичаени мозочни бранови се алфа, бета, тета, гама и делта.

    Мозочните бранови и нивната функција

    Бета мозочните бранови се местото каде што го поминуваме поголемиот дел од нашето време. Во оваа фаза, ние сме будни, донесуваме одлуки, го поминуваме денот, а нашата фреквенција е во опсег од  12 до 35 херци. Алфа мозочните бранови се „активни“ најчесто кога ќе се разбудиме. Во тој момент, ние не брзаме со комплицирани проблеми, туку сме свесни и смирени и со фреквенција од 8 до 12 херци. Тогаш би било идеално да ја започнеме медитативната пракса. Тета мозочните бранови се „место“ на смиреност. Во оваа фаза, може да се најдеме себеси како мечтаење додека ги завршуваме помошни задачи. Сепак, во медитацијата, додека сме во тета фрекфенција вежбаме визуелизации, креативност, инспирација и го започнуваме нашиот процес додека ја успоруваме  фреквенција на 4 до 8 херци. Делта мозочните бранови се најбавниот тип на мозочни бранови од само 4 херци или помалку. Ова е фаза на несвесниот ум, каде што можеме да спиеме без соништа, нашето тело и ум имаат шанса да се лекуваат и да се ресетираат. Од друга страна, гама мозочните бранови се најбрзи со над 35 херци. Ова е фаза во која учиме, обработуваме информации, се концентрираме и решаваме проблеми.

    Медитацијата може да ни донесе уникатно искуство и може да се прилагоди на нашите сопствени преференции. Можеме да одбереме како и кога сакаме да медитираме. Можеби утринската или вечерната медитација ни е подобро прилагодена, во зависност од нашиот начин на живот. Без оглед на методот кој што ќе го одбереме, медитацијата влијае на мозокот поинаку отколку самото спиење или одморот. Тоа всушност ја зголемува порелаксираната состојба на умот и ја подобрува нашата благосостојба, помагајќи да го одржиме во баланс нашиот секојдневен живот. 

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    алфа бета гама делта медитација мозочни бранови тета
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleЕнергијата (свеста) на првите три чакри
    Next Article Чистење од непотребни емоции
    omnia.mk

    Related Posts

    Како да се ослободиш од негативни мисли и емоции?

    20/09/2024

    Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

    09/09/2024

    Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

    25/05/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.