Научното трагање по мистеријата за душата започна уште во почетоците на 19-тиот век, уште кога сестрите Фокс тврдеа дека имаат комуникација со духовниот свет. Сепак, и покрај сите чудесни високо технолошки достигнување на човекот во годините на „рибата“, прашањата за постоењето на душата и нејзиниот опстанок по физичката смрт останува неуспешно одговорено од страна на конценционалната наука. Постоењето на душата не е академски и научно „докажано“ во лабораторија на задоволство на научниците, но, од друга страна пак, не е докажано ни непостоењето на душата. Според знаењето кое го имаме досега, уредите што ќе ги следат, мерат и скенираат фрекфенциите надвор од познатиот енергетски спектар, останува да бидат измислени и да дадат конкретен доказ за постоењето на душата што ја бара науката.
Низ вековите филозофите шпекулираа за постоењето на душата и нејзиното опстојување надвор од телото, за нејзината природа и однос со физичката форма, за потеклото и судбината, и за нејзината состојба на бесмртност. Сепак, интелектуалното и аналитичкото расудување, не успеа да даде никаков значителен доказ за постоење на независен ентитет освен физичкото тело. Сериозната потрага по душата од страна на светските филозофи и мислители се чини дека исчезна во дваесетиот век. Можеби се сфати дека интелектот има свои органичувања во сфаќање и навистина познавање на апстрактните и метафизичките работи. Исто така може да биде и реализацијата дека секој концепт за кој може да се размислува веќе е концептуализиран во минатото – дека сите нови идеи би биле само варијации на поранешни метафизички шпекулации и варијации од широк спектар на теории и не би го направиле човекот помудар. Ова уште еднаш би ја докажало вечната вистина дека „нема ништо ново под сонцето“.
Природата на Реалноста и Апсолутот
Физичките сетила, смртниот ум и интелектот се слаби „алатки“ кога станува збор за утврдување на природата на Реалноста или Апсолутот. Она што е релативно може да се знае интелектуално или искуствено. Релативниот апсолутизам може да се шпекулира, иако без да се знае дали заклучоците на една личност се од апсолутна вистина, во отсуство на научен доказ, дури и ако се рационални и логични. Примери за тоа се „Унифицирана теорија“ на Ајнштајн и „Идеализам“ на Кант. Апсолутниот апсолутизам е едноставно неопислив и неискажлив. Го надминува интелектот и сè што било кажано за него во конвенционални термини е погрешно. Дури и гореспоменатиот опис „неопислив и неискажлив“ може да биде несоодветен. Од гледна точка на Апсолутот сè што знаеме дали преку нашите сетила или преку интелектот е можеби погрешно и илузорно.
Во Кабала езотеричната усна традиција на евреите, Апсолутот се нарекува „Аин соф“. Тоа е скриен Бог, Изворот на сè, што не се споменува во езотеричните списи. Јехова, со своите човечки карактеристики е само одраз на Врховниот Бог, кој се наоѓа во пантеоните постојните култури во тоа време. Постоењето и природата на Аин Соф не било објавено затоа што се знаело дека менталниот капацитет и духовниот развој не го достигнува потребното ниво за ваквите откровенија да бидат интуитивно сфатени и безбедно да се применат.
Ваквата состојба сè уште постои и денес, но со пресврт. Сега меналниот развој на човекот ја надмина неговата духовна страна. Секогаш кога се дискутира за апстрактни работи, човековиот ум има тенденција да го конкретизира и антропоморфизира она што не може да се објективизира или разбере интелектуално, и со човековиот неуспех да се разбере апстракните работи, тој доаѓа до заклучок за нивно непостоење. Затоа човекот станува неук за своето незнаење.
Иако горенаведените идеи во врска со Реалноста може да се чини дека се различни, во реалноста тие се меѓусебно поврзани и се поврзани со нечиј начин на размислување и интуитивен увид. Површно, тие се наши различни идеи или разбирања на Апсолутната реалност. Не шпекулираме понатаму за ова, бидејќи колку повеќе интелектуално истражуваме толку одиме подалеку од вистината. Реалноста може само да се знае и доживее мистично.
Како е поврзана душата со горенаведените концепти? Дали е душата само уште еден изум на умот, или може да се знае и искуси на физички и конкретен начин или било кој начин што ги надминува физичките сетила и интелектот? Бидејќи периодот на „рибите“ најмногу се потпира на аналитичката мисла со цел да ја сфати „вистината“, така и периодот на „водолијата“ ќе се потпира најнагласено на изменетите состојби на свест, интуиција и други повисоки состојби со цел да се согледаат, искусат и разберат апстрактните реалности. Дали интуицијата или повисоките состојби на свест ќе го докажат постоењето на душата, ќе зависи целосно од емпириското знаење стекнато од секоја личност во апсолутна состојба на свест. Дека науката конечно ќе го докаже постоењето на душата или барем на одредени аспекти во иднина, не се сомневаме, но одговорот на таквото прашање може да се добие овде и сега само преку мистични средства. Во следниот период на „водолија“ ќе има поместување на акцентот од шпекулативна метафизика кон применета метафизика или практичен мистицизам. Иако ова веќе се случува со разновидни активности на поборците на окултизмот и метафизиката во последните неколку децении, оваа состојба ќе се интензивира во наредниот милениум. Вистинското знаење за душата треба да потекнува од самата душа. Не може поинаку. Науката може само да открие аспекти од тоа.
Нематеријалниот ентитет
Низ вековите, мудреците, мистиците и пророците нè импресионирале за важноста да го познаваме нематеријалниот ентитет што го анимира и насочува телото. Некои сметаат дека овој ентитет е умот, душата, животната сила, духот, егото, личноста психата, искрата на Бога итн. Тие изјавуваат дека само преку познавање на оваа нематеријална реалност на човекот, може да се знае нечиј Извор и целта на битувањето. Инстиктивниот двигател што го мотивира и го тера човекот да ја бара душата произлегува од самата душа. Важноста за трагањето ја чувствува умот, но точната причина не е позната експлицитно. Ова е тоа што Јунг го нарекува религиозен инстинкт.
Дали душата навистина постои? И која е вредноста да се идентификува душата? Без пребарување и откривање на душата заедно со значењето и целта на нејзиното постоење, преку сите средства кои се достапни, секогаш ќе биде присутно чувството на незадоволство и неисполнетост. Без неспорен доказ за опстанокот на индивидуалниот идентитет, животот би изгледал на серија бесмислени настани и искуства. Ако душата не постои и сè завршува со смртта на човечката форма, тогаш сите борби и сите напори во животот немаат цел. Зошто да се мачиме со грубите лекции на животот ако сите завршуваме со тотално уништување без ниту една јота на нематеријалниот човек да ја преживее физичката форма? Самоубиството би било погодно бегство, а сепак некако чувствуваме дека самоубиството ги крши космичките правила – правила утврдени од кого или од што?
Од другата страна на паричката, надуеното его на човекот го натерало да верува дека тој е единственото суштество за земјата со душа. Неговата „супериорна интелигенција“ е доказ за тоа. Човекот верува дека ниту едно друго суштество не поседува способности како што се имагинација, разум и волја, витални способности потребни за насочување и контрола на околината. Ова расудување му даде на човекот чувство на превласт и уникатност. Ова е во суштина егоцентрична гледна точка која предизвикува експлоатација, злоупотреба, манипулација и уништување на природата.
Поврзано со ова верување е претпоставката дека интелигентен живот постои само на земјата и дека човекот е претставник на тој живот. Човекот е толку заслепен од егото што не сфаќа дека животот се прилагодува на било какви услови во коишто ќе се најде. Хемиските и еколошките потреби за сетилен живот овде на планетата, можеби не се условите за манифестација на живот на друга планета. Животот може да егзистира на други или непознати елементи. На пример, јаглеродот е основа на животот на оваа планета, но може да не биде основа на животот на другите планети. Наместо тоа, другите планети можат да користат други материи. Она што дава живот не е ниту еден од познатите гасови, туку универзалната животна сила наречена прана.
Настрана од ова, од метафизичка гледна точка, животот не постои единствено во спектарот на енергии што објективно ги перцепираме, туку постои дури и над тоа. Значи, како пример, планетите како Венера или Плутон може да бидат домаќини на интелигентни суштества кои живеат во повисоките димензии на планетата без да бидат откриени од суровите телескопи или инструменти што ги нарекуваме технолошки напредни, како што е вселенскиот телескоп Хабл.
Клучни прашања на кои треба да се обрати внимание се: Дали животните имаат душа? Дали душата е супстанца или функција? Дали душата треба да се смета за ентитет? Во кој момент на развојот на фетусот ја добива формата или влегува кога бебето го зема првиот здив? Ваквите прашања може да бидат одговорени само доколу имаме вистинско знаење за метафизичкиот дел од животот. Истражувања и разбирање на сите навидум нематеријални аспекти на природата, како што се микрокосмичките состојки и функциите на човекот – етерските елементи кои го поддржуваат органскиот живот, божествената духовна сила што ја одржува микрокосмичката структура, триделната душа и слично помагаат многу во одговарањето на длабоки прашања.
Човекот поседува потсвесно знаење за својата душа, но поради некоја причина тој го блокира ова свесно со тоа што „се преправа“ дека е неук. Тој се хипнотизира во неверување во нематеријални реалности затоа што ова е линијата на најмал отпор кон него. Всушност, многу е полесно да се запамети отколку да се заборави. Доказ дека душата, духовната суштина на човекот постои е дека ја бараме! Тоа е мистеријата на душата која се бара себеси.
Оваа тема е контроверзна по природа, и како поврзана со религијата, таа добива одредена чувствителност кај верските фундаменталисти. Како и да е, оваа емоционална чувствителност треба да биде издвоена во рационалистичкото проучување на душата затоа што мора да се биде објективен, со отворен ум, разумен, толерантен и опсежен во стекнување на корисно знаење. Големата емотивност е пречка за стекнување на вистината. Ова е сложена тема и не би било можно целосно да се задоволи интелектот.
„Дефиниција“ за мистеријата на душата
Речникот на Вебстер ја дефинира душата како „нематеријална суштина, принцип на анимирање или активирачка причина за индивидуален живот“, а исто така и како „духовен принцип отелотворен во човечките суштества, сите рационални и духовни суштества, или Универзумот“.
Религијата и филозофијата ја сметаат душата како нематеријален аспект или суштина на микрокосмичкиот човек што му дава чувство на себе – чувство да се биде сосем независен ентитет од надворешното опкружување. Во основа, религиозната филозофска мисла верува дека душата е вечна во суштина. Неоплатонизмот е еден од системот на мисли што го создале овој принцип. Исто така, теологот и проповедник Свети Августин и римскиот оратор Цицерон верувале во бесмртноста на душата. Душата често се смета дека е синоним за умот или свеста. Теологијата се темели на горенаведените дефиниции со тоа што смета дека душата е божествена по природа и е способна да го преживее распаѓањето на физичката форма. Одредени школи за метафизика тврдат дека душата или духот треба да бидат искра или испуштање на Изворот на сите и дека тоа е еволуирачки аспект на микрокосмосот што работи кон апотеоза или обожение.
Можеби би било излишно да се каже дека духовниот концепт е субјективен. Себството или душата како суштина никогаш не била оценета објективно од никого. Ако имаме душа тогаш што сме? Што е „тоа“ што треба да поседува душа или Себство? Може ли Себство да поседува Себство? Дали душата се разликува од Себстовото? Сè додека не признаеме дека има повеќе аспекти од нематеријалниот човек, не би можеле ни да разбереме. Во овој поглед окултизмот, мистицизмот, античката мудрост и метафизиката генерално, се далеку пред знаењето што го поседуваат обичната религија, филозофија и наука.
Душата не може целосно да се дефинира. Можеме да генерализираме и да кажеме дека душата е нематеријален аспект на човекот, а сепак овој несуштински „квалитет“ на човекот е составен од различни компоненти а не сите можат да бидат веднаш разбрани од различните состојби на умот. Исто така, нашите „медиуми“ за пренесување на информации, како што се зборовите, знаците и симболите, не се способни да ја пренесат целата вистина како што е. Божествениот аспект на нематеријалниот човек не може да се изрази преку јазикот, ниту пак може да се формулира во идеи.
Иако академската дефиниција за душата е дадена погоре, не постои стандарден договор за термините „душа“ и „дух“ а, исто така и за други духовни концепти научени во многу религии, секти и култови. Овој недостаток на стандардизација предизвикува забуна и често резултира со бесмислени дискусии. Некои системи на метафизика ги сметаат горенаведените поими како архаични па затоа користат специфични зборови што означуваат различни аспекти на душата или духот. Доколку религијата ја ажурира својата терминологија и доктрини во согласност со современите откритија на науката и чистите духовни учења на мистицизмот, таа би била повеќе усогласена со планот на Бога и би привлекла повеќе следбеници. Вака како што е, вистинската религија се чини дека опаѓа во храмовите на Бога. Оваа изјава може да биде противречна, но сепак, оние што се спротивставуваат на тоа можеби не разбираат што е вистинска религија.
Многубројни атрибути на душата се познати како личноста, совеста, емоционалните чувства, менталните состојби, егото, меморијата, различните нивоа на свесност и волјата. Општо земено, филозофијата, религијата и метафизиката се во согласност со ова.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.