Човечката аура е силно електромагнетно поле. Испуштаме електрична енергија, а примаме магнетна. Оваа енергетска сила може да ја почувствувате во просторија полна со луѓе, каде што се мешаат различни енергии, позитивни и негативни.
Аурата е продолжение на нашите енергии, било да е таа силна или слаба, лесна и светла или тешка и густа. Таа е опсег на енергија што не опкружува, животна енергија што може да се почувствува околу секое живо суштество, растенија, животни и луѓе.
Постојат седум слоја на аурата, но најпристапни за човечката перцепција се првите три слоја што го опкружуваат човечкото тело. Аурите можат да се видат психички со затворени очи, но и со отворени очи. Најдобро можат да се видат под мека светлина. Можете да ја проверите сопствената аура во огледало спроти светла позадина со слабо осветлување. Аурите се позабележани околу рацете, помеѓу рамената, пределот на вратот и главата.
Оние кои можат да ги видат аурите, претежно ги набљудуваат менталните и етеричните слоеви и нивоа. Ова се шарените слоеви на аурата.
Физичка аура
Најблиску до телото е физичката аура. Таа го претставува физичкиот раст на телото, јаките и слабите страни, физичките сензации, пријатното и непријатното. Овој „слој“ е многу силен кај спортистите и луѓето кои се во контакт со себе и кои уживаат во животните задоволства како храна, удобност, секс итн.
Ментална и емоционална аура
Одалечувајќи се од физичкото тело се наоѓа вториот слој на аурата. Таа се однесува на емоционалните расположенија и менталните чувства на личноста, за тоа како некој се чувствува за себеси. Секоја блокада во овој слој, го забавува протокот на енергија. Овој дел од аурата е променлив и флуктуира во текот на денот, во зависност од менталните и емоционалните стимулации што личноста ги чувствува.
Спиритуална аура
Овој дел од аурата ја отсликува енергијата на духот и неговиот развој. Бојата на ова ниво е најодалечена. Менталната слабост или мрзеливост се покажува во овој слој. Негативните мисли акумулирани со текот на времето се покажуваат. Се верува дека жолтата боја е доминантна во овој слој.
Читање на аурата
Сите овие нивоа можат да се прочитаат одделно или поврзани едни со други. Боите не се физички одделени со линија или простор помеѓу нив. Се чини дека тие се спојуваат или се претопуваат една во друга. Една боја може да биде подоминантна од другите. Како што една личност ја развива способноста да ја „чита“ аурата, така извлекува различни информации од нивоата.
Не постои хиерархија во проценка на боите и нивното поставување во аурата. Боите се само показател за моменталната состојба на личноста и може да се прочитаат за да се зајакне позитивните работи или да се ублажат проблемите.
Запомнете дека, како што живите суштества се менуваат, така се менуваат и енергетските полиња. Како што се развиваме и ги решаваме нашите проблеми, како што работиме преку надминување на нашите блокади, така продолжуваме да ги балансираме енергиите.
Вежба:
Кога читате аура, не запирајте се откако ќе ги почувствувате боите. Препознавањето на боите е почеток на читањето на аурата. Вербализирајте го она што го гледате, ова не само што го дефинира она што го гледате, туку го подобрува протокот на вашата интуиција и помага при посуштинско читање.
Можете да видите една боја, или комбинација од нив. Боите може да станат посилни или посветли како што напредува читањето. Потпрете се на вашата способност одговорно да интерпретирате со јасен ум што гледате или чувствувате.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.