Меѓународниот ден на јогата се слави секој 21 Јуни од 2015 година по прифаќањето на Генералното Собрание на Обединетите Нации во 2014 година. Индискиот премиер Нарендра Моди во своето обраќање во ОН го предложил датумот 21 јуни, бидејќи е најдолг ден во годината на Северната хемисфера и има посебно значење во многу делови од светот.
Јогата е физичка, ментална и духовна пракса која потекнува од Индија. Зборот „јога“ е санскритски збор што означува унија, симболизирајќи го соединувањето на телото и свеста.
Денес се практикува во најразлични форми ширум светот и продолжува да расте во популарност.
Меѓународниот ден на јогата има за цел да ја подигне свеста ширум светот за многуте придобивки од практикување јога.
Резолуција за Меѓународниот ден на јогата
Нацрт-резолуцијата за утврдување на Меѓународниот ден на јогата била предложена од Индија и одобрена од рекордни 175 земји-членки. Предлогот за прв пат го вовел индискиот премиерот Нарендра Моди во своето обраќање за време на отворањето на 69-та седница на Генералното собрание, во кое истакнал: „Јогата е непроценлив подарок од нашата античка традиција. Јогата отелотворува единство на умот и телото, мислата и дејствието – холистички пристап. Таа е значајна за нашето здравје и нашата благосостојба. Јогата не е само вежбање, тоа е начин да се открие чувството за единственост со себеси, светот и природата “.
Во резолуцијата се споменува „важноста на поединците и цели популации што прават поздрави избори и ги следат шемите на животниот стил што поттикнуваат добро здравје“. Во овој поглед, земји членки треба да ги мотивираат своите граѓани да ја намалат физичката неактивност, што е меѓу првите десет водечки причини за смрт во светот, и клучен фактор на ризик за заразни болести, како што се кардиоваскуларните заболувања, карцином и дијабетес.
Но, јогата е повеќе од физичка активност. Според зборовите на еден од најпознати јога практиканти и учители, покојниот Б. К. С. Ијангар, „Јогата ги култивира начините за одржување балансиран став во секојдневниот живот и ги подобрува вештините за извршување на акции.“
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.