Потребни состојки:
- 1/2 црвен кромид
- 1 крaставица
- 2 црвени пиперки
- коријандер (свеж)
- 150гр сварена киноа
- маслиново масло
- 1/2 сок од лимон
- сол и бибер
Потребно време за подготовка на салатата е 20 минути.
Нутритивни вредности: 100 калории; натриум 450мг (19%); масти 4гр (6%); протеини 2гр (4%); јаглехидрати 14гр (5%); влакна 3гр (12%)
Начин на подготовка:
Во поголем сад исецкајте ги кромидот, краставицата, пиперката и коријандерот. Киноата сварете ја на тивок оган 20тина минути. Кога ќе биде готова, исцедете ја водата во која се варела и оставете ја да се олади. Потоа додадете ја во садот со зеленчукот. Додајте сол и бибер, маслиново масло, сок од пола лимон, промешајте и послужете.
Voila! Bon appetit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.