Потребни состојки:
- 100гр. киноа;
- 50мл. маслиново масло;
- 50мл. сок од лимон;
- 1 лажиче сол;
- 340гр. кељ;
- 140гр. цреши без семка;
- 300гр. наут;
- 40гр. црвен кромид;
- 350гр. артичоки;
- 50гр. ореви.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 30 минути.
Нутритивна вредност: калории 400; натриум 810мг. (34%); масти 19гр. (29%); протеини 13гр. (25%); јаглехидрати 58гр. (19%); влакна 16гр. (64%).
Начин на подготовка:
Најпрво сварете ги киноата и наутот. Во меѓувреме во поголем сад додајте го исецканиот кељ, ситно исецканиот црвен кромид, артичоките, црешите исечени на пола и оревите. Кога ќе бидат готови киноата и наутот, оставете ги да се оладат, па потоа додајте ги во садот. Одозгора прелијте ја салатата со маслиново масло и сок од лимон и додајте сол по желба. Убаво промешајте и послужете.
Voilà! Bon Appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.