Потребни состојки за лебче со лук и кашкавал:
- 1 пица тесто ( или домашно подготвено тесто)
- 120гр. чедар кашкавал (рендан)
- 120гр. гауда кашкавал (рендан)
- пармезан (рендан)
- 50гр. путер
- лук во прав
- сушено оригано
- сушен босилек
Време на подготовка на ова јадење 20 минути
Нутритивна вредност: 460 калории
Начин на подготовка:
Тестото премачкајте го со стопен путер. Исечете го на долги линии. Одозгора додајте ги зачините, сушеното оригано и сушениот босилек и лукот во право. Потоа додајте го ренданиот чедар кашкавал и гаудата врз тестото. На крај додајте го пармезанот. Печете во загреана рерна на 200 степени, 10-тина минути.
Voilà! Bon appétit!