Потребни состојки:
- 800 мл. маринара сос;
- 450 гр. спанаќ:
- 680 гр. рикота сирење;
- 900 гр. моцарела;
- лазањи (12 парчиња);
- сол.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 45 минути.
Нутритивна вредност: калории 510; натриум 59% (1410мг.); масти 48% (31гр.); протеини 67% (34гр.); јаглехидрати 7% (21гр.); влакна 16% (4%).
Начин на подготовка:
Спанаќот ставете го во зовриена вода, малку да омекне. Во посебен сад ставете ја рикотата, моцарелата и оладениот исецкан спанаќ и убаво промешајте.
Во сад за печење ставете 1/3 од маринара сосот и одозгора според формата наредете парчиња лазањи. Врз нив ставете од смесата со сирења и спанаќ. Одозгора ставете нов ред лазањи и ставете од останатиот маринара сос. Така продолжете додека имате лазањи.
Лазањите ставете ги да се печат на 200ᵒC, 40-45 минути.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.