Потребни состојки:
- 400гр. печурки (свежи шампињони);
- 400гр. кус кус;
- 1 кромид;
- 1 чешне лук;
- сол и бибер;
- ½ лажичка црвен пипер;
- 90гр. спанаќ;
- 2 лажици бадемово млеко;
- 2 лажици маслиново масло;
- сок од 1 лимон;
- кора од лимон.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 25 минути.
Нутритивна вредност: калории 620; натриум 650мг. (27%); масти 8гр. (12%); протеини 21гр. (41%); јаглехидрати 116гр. (39%); влакна 13гр. (52%).
Начин на подготовка:
Сварете го кус кусот според упатствата на кутијата. Во меѓувреме на тивок оган со маслиново масло, ставете ги печурките додека не заруменат и тргнете ги на страна. Пропржете го кромидот на тивок оган и додајте ги зачините. Додајте го и лукот и пржете уште 2 – 3 минути, а потоа додајте го и спанаќот додека не омекне. Печурките, претходно сварениот кус кус, бадемовото млеко и сокот од лимон исто така ставете ги во садот каде што е спанаќот. Убаво промешајте и изрендајте сосема малку кора од еден лимон. Оставете го јадењето уште неколку минути на тивок оган. Потоа тргнете го кус кусот со печурки и спанаќ од оган и послужете.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.