Куркума е најпознатиот и најшироко истражуваниот зачин. Доаѓа од коренот на растението „curcuma longa“ и е главен дел од ајурведската медицина, еден од најстарите холистички системи за лекување во светот, развиен во Индија пред повеќе од 3000 години, долго пред да се открие модерната медицина.
Мудреците од Индија ја поттикнале употребата на куркума, која на санскрит е позната како „златна божица“. Нејзината употреба е особено значајна во јогиските традиции.
Илјадници години, куркумата се користи и свежа и како сушен зачин во прав. Неодамна научните докази покажаа дека активната компонента на куркумата – куркумин, има многу придобивки за целокупното здравје.
Здравствени придобивки од куркумата
Куркумата е антиоксиданс и има антиинфламаторно дејство што помага да се спречат и излечат многу видови на болести и инфекции. Познато е дека го подобрува работењето на повеќето органи во телото, а еве некои од најголеми придобивки од употреба на куркума:
- го подобрува варењето и ги намалува киселините
- го зајакнува нервниот систем и мозокот
- одржува здраво движење на зглобовите
- го регулира нивото на шеќер во крвта
- ја подобрува работата на црниот дроб
- го зајакнува имунитетот
- го подобрува работењето на срцето и циркулаторниот систем
- го намалува нивото на триглицериди („лошиот холестерол“)
- го намалува ризикот од леукемија
- ги намалува менстуралните болки
- го забрзува заздравувањето на раните
- го забрзува метаболизмот
- помага при лекување на астма
Овој жолт зачин може да се најде во прав, течен екстракт или таблета. Главно се користи во:
- готвење
- како додаток во исхрана
- за козметички цели
Готвење со куркума
Повеќето ајурведски рецепти и индиски јадења содржат куркума. Треба да се користи мудро и во вистинска количина. Ако се истури директно на врело масло или путер, ќе изгори, ќе произведе груб мирис и ќе ги изгуби своите корисни квалитети. Прекумерното користење куркума може да и даде горчина на храната и темна, златна боја. Меѓутоа, користењето со умерени количини во повеќето оброци – околу една третина од лажичка – е доволно за во секојдневната исхрана. Може да се додаде во печен зеленчук, јадења од ориз, супи, смути, чаеви, мафини, топла чаша млеко, итн. Листата е бесконечна.
Додатоци од куркума
Земањето куркума како додаток му ги обезбедува на телото сите квалитети на куркумин, главната состојка во куркумата. Може да се земе во форма на прав, да се додаде во топла вода или млеко или со мед за да се заслади.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.