Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    сабота, мај 17
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Јога»Крија јога
    Јога

    Крија јога

    omnia.mkBy omnia.mk18/12/2019Updated:30/03/2025Нема коментари3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    крија јога
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Крија јога е медитативна техника за контрола на енергијата преку пранајама и медитација, што го забрзува духовниот процес на практикантот. Потекнува од санкритските зборови „kri“ и „ја“ што значи „завршено дејство“.

    Техниката Крија била криена во тајност многу векови. Таа била „оживеана“ во 1861 година кога големиот јогин Махаватар Бабаџи ја пренел техниката на својот ученик Лахири Махасаја. Потоа Лахири ја пренел техниката на неговиот ученик Шри Јуктешвар кој ја пренел на своите ученици меѓу кои бил и Парамханса Јогананда.

    И покрај тоа што со години се практикувала во Индија, Крија јогата добива светско внимание откако била спомената во книгата „Автобиографија на еден јогин“ од Јогананда. Тој е познат како еден од современите основачи на Крија јогата и оној кој ја вовел практиката на Западот во 20-тите години на минатиот век.

    Практиката на крија јога се учи само преку директна релација гуру – ученик и после церемонија на иницијација. Повеќето практиканти поминуваат голем дел од времето во самостојно учење и вежбање сè додека не станат подготвени да бидат иницирани во напредните практики на Крија јогата. На почетниците им се препорачува да користат мантра или збор со цел да го насочат своето внимание и напредок во подлабоки медитативни сесии.

    Исто така се верува дека со „оживување“ на трите квалитети како светлина, звук и вибрација истовремено, практикантот е во состојба да навлезе во најдлабоките нивоа на потсвесниот ум. Тоа се постигнува преку примена на серија техники со соодветна концентрација, дишење и положба.

    Како функционира кријата ?

    Според Јогананда, Крија јогата е најефикасна техника достапна за човештвото за постигнување на целта на јогата – соединување со Боженственото. Крија јога е толку ефикасна затоа што работи директно со изворот – духовната енергија длабоко во нашиот ‘рбет.

    Сите јога техники работат со оваа енергија, вообичаено индиректно. На пример, јога асаните може да ви помогнат во отворање и балансирање на енергетските канали долж ‘рбетниот столб. Техниките за дишење или пранајама може да помогнат да ја разбудите таа енергија.

    Сепак, Крија јогата е подиректна. Таа му помага на практикантот да ја контролира животната сила преку ментално кревање и спуштање долж ‘рбетниот столб со свесност и волја. Според Јогананда, една Крија која трае околу половина минута, е еднаква на една година природен духовен раст.

    Практикантите на Крија јога откриваат дека праксата ја подобрува нивната способност да се концентрираат и да станат подобри луѓе на секој можен начин.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    јога крија крија јога спиритуалност
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleМистеријата за аурата
    Next Article Јогата и дишењето
    omnia.mk

    Related Posts

    Секојдневна јога пракса: Што се менува кога не се откажуваме од себе?

    16/05/2025

    Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

    09/09/2024

    Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

    25/05/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.