Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    среда, мај 14
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Јога»Кришна – синиот принц
    Јога

    Кришна – синиот принц

    omnia.mkBy omnia.mk07/12/2021Updated:14/01/2023Нема коментари2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Кришна - синиот принц
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    За Кришна се вели дека е осмиот и најважен аватар (инкарнација) на Вишну и е прикажан како сино обоено божество со круна од пердуви на паун, како свири на флејта. Пердувите на неговиот паун се симбол на убавина и знаење, а флејтата го претставува повикот кон Бога и го симболизира чистото, отворено срце.

    Низ приказните за својот живот, Кришна олицетворува три различни архетипи: палавото дете, страсниот љубовник и лукавиот воин.

    Палавото дете Кришна

    Како мало дете бил познат по неговиот разигран и бестрашен пристап кон опасностите и по неговите натчовечки моќи. Тој без напор го победил змискиот демон Калија танцувајќи на неговата глава. Мноштво други демони биле убиени од неговата сила и од способноста магично да ја зголеми својата големина и тежина. Една од најпопуларните детски приказни е за континуираното крадење на свежо приготвен путер од страна на Кришна од неговата мајка и од селаните и неговото успешно избегнување на казните за тие дела. 

    Страсниот љубовник

    Како адолесцент бил познат по своите авантури и сензуални игри со селските гопи (жените или ќерките на краварите) и неговата сакана љубовница Рада. Оваа палава и страсна разиграност кулминирала со Раса Лила (блажено оро). Во една прекрасна есенска ноќ, Кришна со звукот на неговата флејта ги оддалечил гопите од нивните сопрузи и обврските. Тие танцувале екстатично во кругови и ја прославиле својата љубов кон Кришна со целосно посветено предавање.

    Лукавиот војник

    Како млад човек, тој се претвора во жесток и лукав воин, освојувајќи ги злите кралеви Камса и Јарасанда. Во познатата битка опишана во Бхагавад Гита, Кришна станува советник на принцот Арџуна. Тој го учи на лекциите за правилна акција (карма), како и водејќи ја својата војска во победа.

    Севкупно, се вели дека Кришна е персонификација на божествената љубов и радост. Амритананда пишува: „Љубовта универзална и без его, космичка по димензија, таа е она што некој го добива кога се концентрира на центарот на срцето. Овде се слуша повикот на Кришна“.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    јога медитација спиритуалност
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleКако може јогата да ни помогне?
    Next Article Садгуру: Земи длабок здив (петти дел)
    omnia.mk

    Related Posts

    Како да се ослободиш од негативни мисли и емоции?

    20/09/2024

    Пренатална јога: Подгответе го телото за бременоста

    09/09/2024

    Медитација и јога во природа: Придобивки, совети и најдобри места во Македонија

    25/05/2024

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.