Потребни состојки:
- брокула;
- компир;
- морков;
- малку путер;
- млеко;
- 1 чешне лук;
- сол и бибер.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 35 минути.
Начин на подготовка:
Во сад со вода, на оган ги ставаме компирот и морковот да се варат. Кога ќе омекнат ја додаваме брокулата.
Кога зелечуците ќе бидат сварени, ги ставаме во блендер. Додаваме 3-4 лажици од водата во која се варел зеленчукот. Го додаваме путерот и лукот и блендираме. Додаваме и малку млеко, сол и бибер и доколку супата е многу густа, додаваме уште малку од водата во која се варел зеленчукот. Убаво блендираме. Декорираме со магдонос и послужуваме со крекери.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.