Луѓето кои консумираат премногу шеќер имаат зголемен ризик од висок крвен притисок, покачен холестерол и почесто се соочуваат со инфекции. Колку шеќер може да консумираме дневно?
Но, пред да почнете да ги вадите бананите и јаболката од вашата кошничка, почекајте! Природните шеќери пронајдени во овошјето (фруктоза) и млечните производи (лактоза) не се оние кои ги предизвикуваат проблемите. Предизвикувач на проблемите во огранизмот е додадениот шеќер, белиот, кафеавиот и шеќерите во форма на сирупи кои се додадени во храната за време на обработка.
Најверојатно си мислите: „Зошто природните шеќери се во ред?“ Прво, тешко е да се изеде голема количина на природен шеќер која може да предизвика негативни последици врз организмот. Второ, природните шеќери се дел од храната која содржи витамини и минерали. Овошјето и зеленчукот исто така содржат антиоксиданти и влакна кои се борат со разни болести.
Колку шеќер може да консумираме дневно во грамови?
Според Американската асоцијација за срце мажите не треба да јадат повеќе од 9 лажички додаден шеќер (или 150 калории или 36гр.), а жените треба да го ограничат нивниот дневен износ на 6 лажички (тоа е 100 калории или 25 гр.). Според Светската здравствена организација, додадените шеќери треба да заземат помалку од 10% од дневните калории. За возрасни тоа е околу 50 гр. или 12 ½ лажички шеќер. За да се стави ова во перспектива, една лименка „Пепси“ од 350 мл. има 41 грам шеќер.
И покрај тоа што може да прочитате на интернет, шеќерот е шеќер. Засладувачите како јаворовиот сируп или медот може да донесат малку повеќе антиоксиданси од шеќерот во гранули, но сите тие во суштина се шеќери и нашето тело ги обработува на ист начин.
Но, сепак размислете добро пред да го отфрлите целиот додадениот шеќер од вашата исхрана. Забранување или целосно исфрлување на некоја состојка од вашата исхрана може да има повеќе негативни последици и на крај да направи да ја посакувате повеќе. Исфрлувањето целосно на шеќерот ќе резултира со промена на вкусот на храната што значи дека можеби помалку ќе уживате во оброците што ги правите.
Правете повеќе домашно приготвени оброци и природно ќе забележите колку шеќер употребувате и колку треба да намалите. Дури и ако употребувате малку шеќер во јадењето, тоа ќе биде далеку помала количина од она што најверојатно ќе го добието од пакуван оброк или оброк во ресторан.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.