Егото е нашиот индивидуализиран идентитет и сите личности, улоги и способности што ги градиме за создавање на тој идентитет. Тоа е составено од наши лични приказни, стравови, желби, емоции, мисли и карактеристики што ја формираат нашата надворешна личност. Иако оваа личност е социјална и психолошка потреба што се развива уште од најраното детство, во текот на зрелоста, повеќето од нас стануваат целосно идентификувани со оваа слика на самите себе и забораваат дека во нас лежи поважното внатрешно Јас.
Во срцето на нашето битие сите сме убави и уникатни изрази на Божественото. Нашето внатрешно Јас останува недопрено од варијанти и неизвесноста на животот. Проблемот е што стануваме убедени дека ние сме само оваа надворешна личност.
Кога зборуваме за „скротување на егото“, тоа е со намера физичкото тело да се врати во служба на внатрешното Јас. Само тогаш, ќе можеме јасно да ја изразиме нашата дарма или животна мисија. Само кога повторно ќе се поврземе со нашата целина, ќе се исполнат нашите најдлабоки копнежи за љубов и мир.
Како да го познаеме егото?
За да го направиме ова ефикасно, мора прво да ги препознаеме неговите „квалитети“. Најчесто егото ќе го најдеме во улога да:
- Споредува, осудува, критикува себе или други;
- Проектира, реагира, манипулира, поттикнува вина;
- Премногу анализира, се грижи и се сомнева;
- Поттикнува чувства на страв и осаменост
- „Брка“ бескраен број на желби.
Враќање на контролата
Најмалата интроспекција како дел од нашата духовна пракса открива огромен број моменти кои егото целосно ги контролира. Всушност, сите начини поради кои страдаме се должат на контролата на егото врз нашата свест.
Меѓутоа, ако доволно се умориме од страдањата предизвикани од еготото, може да се издигнеме до поголема свест и да ја живееме нашата вистинска суштина. Овозможувајќи му на нашето внатрешно Јас да го преземе управувањето со нашите животи, го обновуваме вродениот мир, рамнотежа и леснотија што е наше право со самото раѓање. За да се „ослободиме“ од егото потребна ни е сочувствителна свест, да простуваме и силна волја.
Започнете со тоа што ќе се запрашате: „Кој/а сум јас навистина?“ Потоа прашајте се повторно. Прашајте се онолку пати колку што е потребно за да ги надминете вашите надворешни дефиниции, дејствија и улоги, сè дур не стигнете до основната суштина на кои сте вие. Свесно сведочете ги физичките и менталните настани што го сочинуваат вашиот живот и сите сетилни реакции на стимулите за кои се држите како да се најважни. Создадете силна решителност за да го насочите вашето его на патеката и дестинацијата што го посакува вашето внатрешно битие. Дишете длабоко додека ги „лупите“ слоеви на лажни ликови и нурнете длабоко, поврзувајќи се со Божественото Себство.
Трансцедирање на егото
Со текот на времето, како што егото ќе му служи на внатрешното Јас, ќе чувствувате поголема леснотија во животот. Желбите на егото ќе се трансформираат со прочистувачка светлина на поголема свесност. Забележете ги следниве промени што неизбежно се случуваат кога внатрешното Јас го презема кормилото:
Прифаќање на промените во животот со леснотија;
- Верување во основните вредности дури и во тешки ситуации;
- Не врзување со конкретен исход;
- Проценување на активностите врз основа на тоа дали поттикнува мир и хармонија;
- Изразување несебична љубов;
- Препознавање на поврзаноста на целиот живот.
Живеење на својата вистинска природа
Кога ќе се препознаете себеси како Свесност, а не како самосоздадена личност на егото, ќе уживате во уникатното чувство дека сте неразделен дел од целиот Универзум во манифестирана форма. Вистински јогин – ослободен од идентификација со мисли, чувства и телесни желби – повеќе не е мотивиран од минатите или идните копнежи и може да почива во блаженството на неговата / нејзината вистинска божествена природа.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.