Поголемиот дел од она што го знаеме за длабоката историја на Земјата, доаѓа од фосилите и според тоа знаеме дека растенијата мигрирале од морето кон копното на Земјата пред околу 420 милиони години. Но, приказната што ја раскажуваат тие прашливи стари камења е сомнителна. Нови истражувања укажуваат дека растенијата ја „освоиле“ земјата многу порано, пред околу 500 милиони години.
Првите комплексни растенија биле алгите, кои живееле во езерца пред околу 1.6 милијарди години. Најраните фосили на копнени растенија датираат од пред 450 – 440 милиони години. Но, само затоа што не се пронајдени фосили не значи дека растенијата не биле веќе мигрирани на копното.
Постојат и други техники кои можат да се искористат за пополнување на празните во фосилните записи. Бидејќи животот има тенденција да еволуира со одредена стапка, индиции може да се најдат во ДНК-та на современите организми. Користејќи еволуциони модели, истражувачите можат да го вратат назад времето и да предвидат кога најверојатно се појавуваат одредени генетски особини и кога различните видови се разграниле еден од друг. Ова се нарекува „молекуларен часовник“ и често се кориси во комбинација со фосилни истражувања за да се провери дали се совпаѓаат со претпоставениот изглед на моделите на одредени видови во одредени точки во времето.
Фосилните записи се многу ретки и нецелосни за да бидат сигурен водич за датумот на потеклото на копнените растенија. Наместо да се потпираме само на фосилните записи, се користи „молекуларниот часовник“ за да се споредат разликите во составот на гените на живите видови – овие релативни генетски разлики потоа биле претворени во години со користење на фосилните години како лабава рамка.
Користејќи ја оваа техника, истажувачите откриле дека растенијата најверојатно мигрирале на копно пред околу 500 милиони години. Тоа е помеѓу 50 до 80 милиони години порано отколку што претходно се мислело, односно во кембриската ера – близу до појавата на првите копнени животни.
Еволуцијата на копнените растенија се чини дека се совпаѓа со големиот настан на климатски промени. Концентрациите на јаглерод диоксид биле многу поголеми отколку сега, а со растенијата кои апсорбираат зголемени количини на гас, нивото на атмосферата се намалило и глобалното ладење започна.
Глобалното ширење на растенијата и нивните прилагодувања на живот на копно, довеле до зголемување на континенталните стапки на атмосферски влијанија, кои во крајна линија резултирале со драматично намалување на „стакленичкиот гас“ јаглерод диоксид во атмосферата и глобалното ладење. Претходните обиди за моделирање на овие промени во атмосферата го моделирале растителниот фосилен запис по номинална вредност – а новите истражувања покажуваат дека овие фосилни години го потценуваат потеклото на копнените растенија и затоа овие модели треба да бидат преиспитани.
Бидејќи е тешко да се каже како различни видови можат да влијаат едни на други, истражувачите моделирале неколку можни врски за да проверат дали тоа би можело да ги промени резултатите кога растенијата се појавиле на копно. Независно од тоа што менуваа, резулатите секогаш биле исти.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.