Историјата ни покажува дека она што го сметавме за невозможно не води до нови начини на размислување и создавање резолуции. Со овие климатски промени со кои се соочуваме, имаме можност да ги „возиме“ брановите на едни од нашите најголеми еволутивни пробиви и откритија.
Добрата вест е дека не сме сами. Поединци, заедници, градови, бизниси, училишта, верски групи и други организации сфаќаат дека живеењето на здрава планета е основно човеково право. Принудени сме да ги признаеме лагите што ги кажуваме себеси и повикани сме да направиме нови избори затоа што нашите животи зависат од тоа.
Чувството на немоќ е едно од најважните чувства кои не спречуваат да се придвижиме напред. Сакаме да помогнеме, но се прашуваме дали нашите мали чекори се доволни за да направиме разлика. Не кочи стравот од непознатото, нов начин на живот, нови начини на размислување и однесување. Што ако ги прифатиме климатските промени како пат за создавање на нов контекст на живеење? Што ако го прифатиме одразот од климатските промени како наше внатрешно искуство? Што ако признаеме дека учествуваме со деструктивен животен стил? Што ако ги промениме навиките за внесување на „ѓубре“ во нашето тело? Што ако ги забележиме „загадените“ мисли?
Преземете одговорност за овие климатски промени што ги создаваме одвнатре. Прифатете ги аспектите на самите нас кои ја загадуваат околината.
Слушајте ги идеите на другите луѓе. Многумина од нас повеќе се под влијание на пријателите отколку на експертите. Вклучување во разговорите за климатските промени со пријателите и семејството е значајно. Слушајте ги внимателно нивните приказни и нивните идеи.
Запомнете дека здрава планета не е значајна само за климатските промени или за политичките прашања. Таа влијае на семејствата, заедниците, енергетските системи и иднината на човештвото.
Поместете ја енергијата. Пејте, играјте, вибрирајте за да ја ослободите вообичаената контрола и контракциите. Отворете го просторот за да дозволите „изворот“ да ве води во овој извонреден период во историјата.
Медитирајте со намера да слушнете инструкции, упатства и резолуции. Визуализирајте за тоа како сакате нашата планета да биде.
Негувајте нови навики. Бидете свесни за уништувањето и фокусирајте се на големите резолуции што веќе се случуваат низ целиот свет. Едуцирајте се за климатските промени. Исходот е предодреден заради тоа што сме ние како човечки суштества. Волјата да се дејствува сама по себе е обновлив ресурс.
Дознајте повеќе за пермакултура и регенеративно земјоделство. Станете дел од одржливото образование на живеење што се нуди. Подржувајте локални организации кои придонесуваат за промени. Користете ги ресурсите и енергијата мудро.
Научете ги вашите деца како функционира нашата планета. Поддржете ги децата, охрабрувајќи ги училишните програми за градинарство и садење дрвја. Поминувајте повеќе време во природа.
Заедно можеме да конзумираме помалку, да трошиме помалку и да уживаме во животот повеќе. Можеме да изградиме контекст на живеење подобро, а не на повеќе со тоа што ќе се фокусираме на едноставните задоволства во животот, да бидеме со најблиските и да направиме промени за другите.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.