Просечната температура на планетата Земја е 15C. Иако постојат многу природни флуктации во климата, научниците велат дека температурите сега растат многу побрзо отколку во било кој претходен период. Ова е поврзано со ефектот на стаклена градина кој објаснува како атмосферата на Земјата заробува дел од енергијата на Сонцето.
Ефектот на стаклена градина е природен феномен што ја загрева Земјата до околу 33С. Тој е предизвикан од стакленичките гасови во атмосферата.
Научниците веруваат дека додаваме кон природниот ефект на стаклената градина, при што гасовите ослободени од индустријата и земјоделството заробуваат повеќе енергија и ја зголемуваат температурата. Ова е познато како глобално затоплување или климатски промени.
Што се стакленички гасови?
Стакленичкиот гас со најголемо влијание врз затоплувањето е водена пареа. Но, таа останува во атмосферата само неколку дена.
Јагледорниот диоксиод (CO2) од друга страна опстанува подолго. Ќе бидат потребни стотици години за да се вратат нивоата на јагледниот диоксид како во пре-индистискиот период.
Повеќето вештачки емисии на CO2 доаѓаат од согорување на фосилните горива. Кога се сечат шумите кои го абсорбираат јагледорниот диоксид или кога истите горат, складираниот CO2 се ослободува, придонесувајќи за глобалното затоплување.
Од почетокот на индстриската револуција во 1750 година па до денес, нивото на CO2 се има зголемено за 30%. Концентрацијата на јаглерод диоксид во воздухот во атмосферата е поголема отколку во било кое време во изминатите 800.000 години.
Други стакленички гасови, како што се метан и азотен оксид, исто така, се ослободуваат преку човечки активности, но тие се помалку застапени од јаглеродниот диоксид.
Кои се доказите за затоплување?
Според Светската метеоролошка организација, светот денес е за еден степен потопол од пред почетокот на индустријализацијата. Се вели дека изминатите 6 години (2015-2020) биле најтоплите години било кога забележани. Просечното ниво на морињата, низ целиот свет е зголемено за 3.6мм годишно од 2006 до 20115. Поголемиот дел од овие промени се затоа што водата го зголемува својот волумен кога се загрева.
Сепак, сега се смета дека топењето на мразот е главна причина за покачување на нивото на морињата. И сателитските записи покажуваат драматичен пад на мразот на Арктикот од 1979 година па навака. Мразот на Гренланд доживеа драстично топење во изминатите години.
Ефектот од климатски промени може да се види и кај вегетацијата и кај животните на копно. Овие вклучуваат порано цветни и плодни периоди за растенијата и промени на териториите на животните.
Колку ќе се зголемуваат температурите во иднина?
Промената на глобалната температура на површината на Земјата помеѓу 1850 година и крајот на 21-от век веројатно ќе надмине 1,5C, сугерираат повеќето симулации.
Светската метеоролошка организација вели дека ако сегашниот тренд на затоплување продолжи, температурите може да се зголемат за 3-5 степени до крајот на овој век. Зголемувањето на температурата за 2С долго време се сметаше како влез во опасно затоплување. Во поново време, научниците тврдат дека ограничувањето на зголемувањето на температурата за 1,5C е побезбедно.
Извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени во 2018 година сугерираше дека за оджување на целта од 1.5C ќе бидат потребни „брзи, далекусежни и невидени промени во сите аспекти на општеството“.
Обединетите Нации водат политички напор за стабилизирање на емисиите на стакленички гасови. Кина емитува повеќе СО2 од која било друга земја. Следат САД и земјите-членки на Европската унија.
Но, дури и ако сега драматично ги намалиме емисиите на стакленички гасови, научниците велат дека ефектите ќе продолжат. На големи површини вода и мраз може да им требаат стотици години да одговорат на промените на температурата. Исто така, потребни се децении за да се отстрани CO2 од атмосферата.
Како ќе влијаат климатските промени врз нас?
Се предвидува дека тие може да предизвикаат недостиг на свежа вода, драматично да ја смени нашата способност да произведуваме храна и да го зголеми бројот на смртни случаи од поплави, бури и горештини. Тоа е затоа што климатските промени се очекува да ја зголемат фреквенцијата на екстремни временски настани.
Како што светот се загрева, повеќе вода испарува, што доведува до поголема влага во воздухот. Ова значи дека многу области ќе доживеат поинтензивни врнежи од дожд – а на некои места и врнежи од снег. Но, ризикот од суша во внатрешните области за време на жешките лета ќе се зголеми. Повеќе поплави се очекуваат од невремиња и покачување на нивото на морето. Но, најверојатно ќе има многу силни регионални варијации во овие модели.
Изумирањето на растенијата и животните се предвидува бидејќи живеалиштата се менуваат побрзо отколку што можат видовите да се прилагодат. И Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека здравјето на милиони може да биде загрозено од појава на нови болести поради промени во биодиверзитетот.
Глобалното затоплување ќе предизвика понатамошни промени што веројатно ќе создадат дополнително загревање. Одговорот на климатските промени ќе биде еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме овој век.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.