Потребни состојки:
- 350 гр. киноа;
- 2 лажици путер;
- 8 чешниња лук, ситно сецкани;
- сол и бибер;
- магдонос
- 1 коцка супа;
Потребно време за подготовка на ова јадење е 20 минути.
Нутритивна вредност: калории 390; натриум 49% (1180мг.); масти 17% (11гр.); протеини 24% (12гр.); јаглехидрати 20% (59гр.); влакна 24% (6гр.).
Начин на подготовка:
Во сад на оган ставаме литро вода, коцката супа, киноата, путерот и ситно сецканиот лук. Го покриваме со капак и оставаме да се свари киноата петнаесетина минути. Кога ќе биде сварена киноата, го додаваме сецканиот магдонос, убаво промешуваме и послужуваме.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.