Како може да знаете кога ќе сретнете вистински среќна личност? Кои се знаците? Што укажува на тоа дека некој е навистина задоволен со себе и својот живот? Кои се карактеристики на среќните луѓе?
Карактеристики на среќните луѓе
1. Се чувствуваат благодарни – среќните луѓе ги ценат сите добри работи во својот живот, наместо да се фокусираат на она што го сметаат за недостаток. Среќните луѓе секогаш ја гледаат „чашата полу-полна“.
2. Изразуваат благодарност – среќните луѓе не ја задржуваат благодарноста за себе. Тие ја искажуваат благодарноста со тоа што им кажуваат на другите се ценети, преку прегратка или неколку убави зборови.
3. Живеат во моментот – среќните луѓе се ослободени од минатото, вклучувајќи ги нивните триумфи и грешки. Тие сфаќаат дека единствениот момент што го живеат и каде што може да направат нешто е сегашноста, па така не се фатени ни во мисли за иднината.
4. Љубезни се – среќните луѓе се топли, внимателни, почитувани и пријатни за да поминувате време со нив. Тие не се впуштаат во озборувања, љубомора, завист, ниту пак губат време жалејќи се.
5. Користат позитивен наместо негативен начин на изразување – среќните луѓе се фокусираат на она што е, што може да се реши, наместо на проблемите.
6. Се смеат често – насмевките на среќните луѓе се автентични, а се смеат преку нивните очи и со говорот на телото.
7. Имаат чувство за хумор – среќните луѓе не се цинични или саркастични. Тие може да се смеат на сопствените слабости или на апсурноста на животот. Тие не ги сфаќаат работите премногу сериозно.
8. Спонтани се – среќните луѓе ги препознаваат и искористуваат можностите за нови искуства, авантури и забави. Не се „заклучени“ во бесмислени рутини.
9. Имаат самодоверба – среќните луѓе имаат реална (не арогантна) верба во своите способности. Како резултат на тоа, тие се чувствуваат подготвени да се справат со предизвиците на животот.
10. Лесно се прилагодуваат – среќните луѓе бараат решение за пречките со кои се соочуваат, наместо да се жалат на препреките. Тие дури може да ја видат препреката како отскочна штица за раст и дополнителни можности, прифаќајќи дека понекогаш може да е потребно да се избере друг пат. Среќните луѓе може да ги модифицираат своите избори и однесување, прилагодувајќи се на новонастанатите ситуации и учат од своите грешки.
11. Оптимистички размислуваат – среќните луѓе позитивно размислуваат и веруваат дека работите на крајот ќе се решат на позитивен начин. Оптимистички гледаат на иднината. Таквиот начин на размислување е поврзан со помали нивоа на стрес.
12. Ентузијасти се – среќните луѓе го сметаат животот за авантура што треба да се живее, а не за проблем кој треба да се реши.
13. Вреднуваат соработка – среќните луѓе не се натпреваруваат со другите, знаејќи дека победата е празна ако немаат со кого да ја споделат.
14. Покажуваат ентузијазам за успесите на другите – среќните луѓе сфаќаат дека секој си ја креира сопствената судбина и живот и поради тоа не се чусвствуваат загрозени од другите и се радуваат на туѓите триумфи.
15. Љубопитни се за животот – среќните луѓе имаат многу различни интереси и постојано учат и растат.
16. Ја прифаќаат неизвесноста на животот – среќните луѓе ја прифаќаат неизвесноста на животот и се подготвени да ги донесат најдобрите одлуки што може да се донесат врз основа на нецелосни информации (што генерално е сè што имаме).
17. Приоритет им се духовните/нематеријалните вредности – среќните луѓе не се оптеретуваат со купување на масовна куќа, фалење со престижна работа, или бркање одреден финансиски приход. Тие им даваат приоритет на односите со семејството и пријателите, уживаат во времето поминато со самите себе, се смеаат и се забавуваат. Тие ги вреднуваат искуствата наместо материјалните поседи.
18. Спијат доволно – среќните луѓе сфаќаат дека без квалитетен сон, тие го компромитираат нивото на енергија, когницијата, физичкото здравје и способноста за справување со стресот. Така, за нив спиењето е приоритет, што за повеќето луѓе изнесува помеѓу седум и девет часа спиење ноќно време.
19. Имаат силен систем на социјална поддршка – го одбираат квалитетот наместо квантитетот кога станува збор за врските, пријателски и љубовни. Комуницираат на длабоки и значајни начини, наместо да се занимаваат со површни разговори. Немаат потреба да имаат „илјадници“ пријатели на социјалните мрежи.
20. Лојални се на своите најблиски – среќните луѓе им помагаат секогаш на своите најблиски.
21. Го поминуваат времето со други среќни луѓе – тие знаат дека особините и квалитетите на честите придружници имаат тенденција да се пренесуваат.
22. Подготвени се да побараат помош – среќните луѓе ја препознаваат важноста да бидат самостојни и независни, но исто така сфаќаат дека не можат да направат сè сами и не се двоумат да се свртат кон својата лична или професионална заедница за помош кога е потребно. Барањето помош е знак на понизност и чесност.
23. Се добри слушатели – комуникацијата не е еднонасочна улица. Карактеристики на среќните луѓе значи дека тие одвојуваат време и енергија да го слушнат она што другите го кажуваат вербално и невербално. Тие ја препознаваат важноста да слушнат различни перспективи за некое прашање и сакаат континуирано да учат.
24. Искрени се со себе и со другите – среќните луѓе знаат кои се, се чувствуваат удобно во сопствена кожа и се чувствуваат слободни да бидат свои, пред себе и пред другите. Тие не глумат емоции, ставови и верувања кои не се во согласност со нивните лични вистини.
25. Имаат цел – среќните луѓе ги применуваат своите вештини, напори и енергија за проекти и каузи во рамките на нивното семејство, заедница и свет – не живеат сами за себе.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.