Капалбати е техника за дишење која ви помага да се ослободите од разни заболувања. „Kapal“ значи чело, а „Bhati“ значи сјае. Капалбати треба да донесе сјај на лицето на оној кој ја практикува оваа техника. Капалбати се изведува од седечка положба.
Сите јога практиканти имаат голема доверба во оваа моќна техника на дишење. Идеална техника за средно ниво на практикувачи, капалбати останува стандардна практика во јога училиштата од целиот свет.
Капалбати е корисна за детоксикација на умот и прочистување. Капалбати е техника каде што само со здивот се прочистува и умот и телото. Како техника за намалување на стресот кабалбати покажува значителни резултати.
Придобивки од капалбати:
Некои луѓе ја изведуваат оваа техника поради релаксирачките бенефиции, други пак ја изведуваат поради физичките бенефиции кои ги нуди. Некои луѓе вежбаат капалбати зза губење на тежина, како и поради тоа што го потикнува работењето на респираторниот систем и стомачните мускули и помага при тонирање на истите.
Капалбати ги отвора дишните патишта, го намалува ризикот од инфекции и алергии на респираторниот систем. Со силното вдишување при кабалбати, алергените материи во белите дробови и дишните патишта се острануваат од телото.
Оваа техника на дишење исто така помага да се подобри флексибилноста на дијафрагмата. Со оваа техника дијафрагмата добива многу вежбање, станува поеластична и ја подобрува циркулацијата. Како што дијафрагмата станува посилна и поеластична, ризикот од хернија, драстично се намалува.
Капалбати го прочистува челниот дел на мозокот. Мислите и визиите автоматски се запираат, а тоа му овозможува на умот да се одмори и освежи.
Со практикување на капалбати исто така се подобрува циркулацијата на крвта, особено во долната половина на телото. Се разбира оваа техника исто така помага да се зголеми капацитетот на белите дробови што го прави телото подостапно за кислород. Може да се чувствувате поисполнети со енергија кога ќе ја изведете оваа техника. Во прилог на тоа, може да почувстувате зголемена ментална острина, подобрување на концентрацијата и засилени сетила.
Препораки:
Додека капалбати е одлична техника да се подобри вашето тело и ум и ефикасно да се победи стресот, сепак не се препорачува на секого. Капалбати не се препорачува на оние кои страдаат од срцеви проблеми, хернија, тешки респираторни инфекции, висок крвен притисок, дијабетес како и стомачни чирови. Поради тоа, најдобро е да се изведува капалбати само по консултација со вашиот лекар или инструктор по јога.
Како да практикувате капалбати ?
1.Седнете со исправен грб во една од медитативните положби;
2.Земете длабоко воздух и издишете брзо и одеднаш. Фокусирајте се на издишувањето, а не на вдишувањето;
3.Кога издишувате, повлечете ги вашите стомачни мускули навнатре, истовремено. Со вдишување го буткате стомакот нанадвор, а со издишување навнатре;
4.Започнете со сет од 10 повторувања, па направете кратка пауза, доколку сметате дека можете направете уште 2 сета од 10 повторувања.
Капалбати е техника која го оживува целиот мозок и ги буди заспаните центри кои се одговорни за суптилна перцепција.
Со капалбати техниката се ослободуваат синусите од стариот слуз, но исто така оваа техника го спречува процесот на стареење, затоа што помага да се релаксираат мускулите на лицето и нервите. Тоа ги подмладува уморните клетки и нерви и го чува лицето младо, свежо и без брчки.
Капалбати треба да се практикува по изведбата на асаните а пред техниките за концентрација или медитација. Ако почувствувате вртоглавица додека изведувате капалбати, значи дека користите многу сила, па затоа е потребно да направите кратка пауза и потоа да продолжите со помалку сила а повеќе свесност. Вдишувањето треба да биде спонтано и не се контролира, додека издишувањето не треба да ве измори и остави без здив пред завршувањето на сетот.
Во текот на нормалното вдишување, течноста околу мозокот е компресирана и контракцијата на мозокот е многу мала. Со издишување оваа цереброспирална течност е декомпресирана и мозокот многу малку се проширува. Ова е механичкото влијание на респираторниот циклус на структурата на мозокот. Принудените издишувања при капалбати го зголемуваат ефектот на масажа на мозокот преку подобрување на ефектот на декомпресија на секое издишување.
Исто така се исфрла повеќе јаглерод диоксид и други штетни материи од вашите клетки и бели дробови отколку при нормално дишење.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.