Работиме, планираме, организираме и функционираме на кафе и чиста одлучност. И се така, дур не се струполиме на каучот по напорниот ден. Па, како до повеќе енергија во текот на денот?
Повеќе од нас се борат со малку енергија, а тоа се должи на многу фактори меѓу кои и слабата економија која нè тера да работиме понапорно како и верувањето дека можеме да постигнеме сè. Па што ако сме будни до полноќ за да го оствариме тоа?
Исто како што на домашните растенија им е потребна вода, така и на нашите резерви на енергија им треба редовно надополнување. Ви предложуваме стратегии кои ќе ви помогнат во тоа и за среќа, нема да ви треба многу напор.
Не го одложувајте почетокот на денот
Многу е примамливо да стиснете „snooze” кога алармот ќе ви се вклучи наутро. Проблемот е што при повторното заспивање може да го прекинете циклусот на хормоните, што може да го отежне започнувањето на денот. Подобро е да го поставите алармот 15 минути подоцна – и да го држите часовникот негде подалеку во собата за да не можете да го дофатите и да го исклучите.
Дозволете и на светлината да влезе
Вештачката или природната светлина помага да се оптимизираат процесите на будење на телото. Кренете ги ролетните, отворете ги завесите или ако надвор е сè уште темно, вклучете ги светлата.
Јадете обилен појадок
Ако јадете само ѓеврече и пиете кафе, добивате брза енергија од јаглехидратите и брз стимуланс од кофеинот, што е рецепт за хаос. Наместо тоа, јадете мешавина од нерафинирани јаглехидрати (за брза енергија). Дополнителн јадете протеини и здрави масти (на кои им треба подолго време за да се сварат, што ви дава поголема издржливост).
Земете мултивитамин на ручек
Размислете да додадете Б-комплекс за дополнителен boost. Добиваме многу енергија од нив, но најчесто не го забележуваме истото затоа што ги пиеме со кафе или чај. Секако ова не значи дека треба да го замените ручекот со сок и мултивитамин. Потребен ви е балансиран оброк за доволно енергија.
Излезете надвор
Ако се прашувате како до повеќе енергија а времето најчесто го поминувате во затворен простор, дома или во канцеларија, тогаш ве советуваме да излезете надвор. Сонцето помага да се зголеми нивото на витамин Д. Истражувањата сугерираат дека соодветните количини може да играат улога во одржувањето на енергијата. Експертите се сомневаат дека витаминот Д помага во регулирањето на метаболизмот и секрецијата на инсулин, кои имаат влијание врз енергијата.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.