Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    среда, мај 14
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Здравје»Како да се храните здраво?
    Здравје

    Како да се храните здраво?

    6 промени што можете да ги направите
    omnia.mkBy omnia.mk10/10/2022Updated:09/01/2023Нема коментари4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Како да започнете да се храните здраво: 6 промени што можете да ги направите
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Една од најважните работи што може да ги направите за вашето целокупно здравје е да јадете балансирана и здрава исхрана. Тоа им помага на луѓето да ги избегнат хроничните состојби, како што се срцевите заболувања и дијабетесот, и им овозможува на оние кои веќе се хронично болни да ги контролираат своите болести. Но, што всушност е „здрава исхрана“? Може да изгледа различно за секого, но крајната цел е да се воспостави шема на консумирање храна и пијалоци кои ве снабдуваат со потребните хранливи материи за да го одржат целокупното здравје. 

    Значи, како да се храните здраво и тоа да ви премине во долгорочна навика? Во продолжение ви ги даваме најдобрите стратегии за да го направите токму тоа.

    Започнете полека

    Големи се шансите дека нема да знаете сè за здравата исхрана кога ќе го започнете вашето патување. Сепак има премногу информации. Но, еден пристап кој може да го пробате е да испробувате нов зеленчук секоја недела. Одберете зеленчук што никогаш претходно не сте го пробале и истражете нов рецепт за да го интегрирате во оброкот. Ако го правите ова секоја недела, па дури и еднаш месечно, ќе ја завршите годината со консумирање повеќе здрави намирници и рецепти кои не сте ги пробале претходно.

    Поставете си цели и забележувајте што јадете

    Ако го минувате денот непромислено јадејќи се што ќе посакате, без да ги испланирате оброците тоа може да значи дека нема да ја внесувате посакуваната количина на одредена храна или ќе внесувате помалку здрава храна од што сте планирале. 

    Затоа добра вежба е да ги запишете причините зошто сакате да се храните здраво (губење тежина, намалување на холестеролот, зголемување на енергијата, подобрување на расположението итн.) и да запишувате што сте јаделе во текот на денот или да направите план за оброците за наредните денови или за цела недела.

    Не јадете обработена храна

    Брзата храна или пред-подготвената храна може да биде супер погодена кога немате време а имате многу обврски со кои морате да се справите како работа или семејство. Но, брзата храна или пред-подготвената е штетна за вашето здравје. Оваа храна често е богата со додаден шеќер, бело брашно и/или додадени масти, обезбедувајќи релативно малку витамини и минерали, но многу калории. Затоа, наместо тоа, подгответе си ја сами храната или кога немате време земете здрава ужинка, како овошје или јаткасти плодови. 

    Јадете повеќе растенија

    Придобивките од консумирање на исхрана базирана на растенија како вегетаријанството или веганството се многубројни. На пример, некои истражувања покажале дека вегетаријанците имаат повисоки нивоа на здрави масти, антиоксиданси и антиинфламаторни соединенија во нивните тела отколку невегетаријанците. Ова е веројатно затоа што тие консумираат повеќе производи од растително потекло. За таа цел, јадењето повеќе растителна исхрана може да биде еден начин на кој можете да почнете да се храните поздраво. Ако му дадете шанса на овој пристап, не се форсирајте, бидејќи не мора да бидете целосно вегетаријанци или вегани за да ги искористите здравствените придобивки. Всушност, флекситарната диета, која е првенствено вегетаријанска диета, но вклучува повремени животински протеини, беше прогласена за една од најдобрите диети во 2022 година. Запомнете, не е сè или ништо. Обидете се да направите еден од вашите омилени невегански оброци – вегански со менување на некои состојки, на пример заменете го говедското месо со тофу.  Не само што ќе се храните поздраво, туку ќе испробате и нова храна и нови рецепти. 

    Не ги отфрлајте јаглехидратите и мастите 

    Јаглехидратите и мастите долги години се на лош глас. Со текот на времето, кружи уверување дека овие намирници се лоши за нас. Но, тоа и не е баш така. Јаглехидратите се потребни во секој оброк бидејќи обезбедуваат енергија и доколку го намалиме нивниот внес тоа може да доведе до прејадување и поголема желба за шеќер. Исто така, бидете сигурни дека консумирате и здрави масти како путер од јаткасти плодови, авокадо или маслиново масло во секој оброк. Со тоа што ќе се погрижите да консумирате здрави масти, ќе го намалите ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, а исто така ќе го намалите крвниот притисок, триглицеридите и „лошиот“ холестерол. 

    Зголемете го внесот на вода

    Кога пробувате начини како да се храните здраво, исто така бидете сигурни дека пиете доволно вода. Пиењето доволно вода ќе ви помогне да ја регулирате температурата на телото и генерално ќе ви помогне во одржување на здравјето на телото. Затоа погрижете се да внесувате доволно вода секој ден. Ако не пиете доволно вода, можете да почнете да ја зголемувате количината со замена на газираните пијалоци или соковите засладени со шеќер со обична вода. 

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    здрава исхрана здрава храна храна
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleПотребата од глобален патриотизам
    Next Article Вода и практикување јога
    omnia.mk

    Related Posts

    Чај или кафе: Кој пијалок најмногу одговара на вашите потреби?

    07/05/2025

    „Здрави“ трендови што прават повеќе штета отколку корист

    05/05/2025

    9 пролетни детокс намирници препорачани од нутриционисти

    10/04/2025

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.