Без разлика дали се работи за бесплатен совет или за превземање на поголеми одговорности на работното место без дополнителен надоместок, треба да знаете како да кажете не, во ситуации кога тоа е важно за вашето ментално здравје, или вашиот интегритет. Секако, овој чекор може да биде голем предизвик. Заземањето за себе може да биде особено тешко доколку сте од оние луѓе кои „живеат“ за да ги задоволат другите.
Одбирањето да се каже „НЕ“ носи многу различни стравови:
- луѓето нема да ме сакаат;
- ќе мислат дека сум тежок/тешка за соработка;
- ако не сакам да им помогнам на луѓето, што кажува тоа за мене?
Кажувањето „НЕ“, е вештина која треба да ја научите. Одбивање на некои можности е клучно за зачувување на времето и енергијата. Многу од луѓето никогаш немаат научено како љубезно да одбијат понуда или да се изборат за себе. Како резултат на тоа, тие се преоптоваруваат себеси, а понекогаш дури им замеруваат на другите.
Има неколку начини како да кажете не на културен и љубезен начин, за да се изградат или одржат границите, без да се навреди другата страна.
Извинете се и кажете ја вистината
Не чекајте до последната минута да се извлечете од обврската. Веднаш штом ќе знаете дека не можете (или не сакате) да ја завршите обврската, кажете го тоа. Извинувањето многу ќе помогне, а исто така и кажувањето на вистината. Сепак, не чувствувајте дека треба да дадете елабориран изговор. Сосема е во ред да кажете „Многу ми е жал, имам обврски, нема да можам да успеам“. Личноста може да биде разочарана, но затоа што културно и тактички се имате ослободено од обврската, веројатно нема да се чувствуваат длабоко навредени или повредени.
Објаснете што можете да направите
Кога не сакате или не можете да ја завршите обврската, формирањето на ДА – НЕ – ДА одговори, е препорачливо за скоро сите ситуациии, од социјални до преговарања на работното место и пошироко.
Овој одговор има три дела:
1. Кажете „ДА“ за себе и за вашите приоритети;
2. Кажете „НЕ“ на начин на кој ќе поставите јасни граници;
3. Кажете „ДА“ да понудите друго решение.
Да речеме дека ве контактира некој пријател кој сака да аплицира во истата компанија каде што работите. Тој/таа ве замолуваат да ги препорачате во човечки ресурси. Вие не се чувствувате пријатно да го направите тоа, но истовремено не сакате да го изневерите вашиот пријател/ка. Затоа може да кажете нешто како: „Многу ми е мило што сакаш да аплицираш во оваа компанија, би биле навистина среќни доколку те имаме како дел од тимот. Не можам да те препорачам во човечки ресурси, но можам да те поврзам со личноста која претходно работеше на таа позиција“.
Пренасочете ги на други ресурси
Кога некој ќе ве контактира, прво поставете неколку прашања, за да добиете чувство дали е неопходно да се состанете. Многу често, може да бидете покорисни доколку го упатите лицето на некоја постоечка книга, заедница или статија на интернет.
„Одлично прашање! Еве (книга, група, линк од одредена страна) која се однесува на (одредена тема). Провери ја – мислам дека може да ти биде од помош!“
Со пракса ќе научите да се цените себеси и да најдете издржани компромиси, ставајќи го она што ве прави среќни и исполнети во преден план. Кажете „не“ на останатото.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.