За да навлезете подлабоко во вашата јога пракса, неопходно е повремено да го предизвикате вашето тело, ум и дух. При изведба на асани, користете ги овие четири моќни техники во комбинација или сами по себе за да ги „совладате“ предизвикувачките асани кога ќе почувствувате дека е потребно.
Испробајте го вашиот лимит
Кога сте во одредена јога асана пробајте да го поместите лимитот или вашето ограничување. Физичкиот лимит е просторот каде што чуствувате длабоко истегнување или чувствувате дека телото работи напорно, но не преминуа во простор каде што чувствувате болка, каде што можете да се повредите или да го преоптеретите телото.
Моменталниот лимит или моменталното ограничување е магично, но и страшно место. Кога се соочувате со прашаето како да ги совладате предизвикувачките асани, запознавањето со вашите ограничувања значи запознавање на вашето тело. Тоа е работа на телото, а не на умот, затоа отпуштете ги сите мисли. Слушајте го телото. Најдете го просторот помеѓу задоволството и болката, радоста и тагата, создавањето и уништувањето, отвореноста и заштитата. Балансирајте таму, чувствувајќи ги двата света, чувствувајќи сè и дишете.
Вклучете предизвикувачки асани во вашата пракса
Започнете да вежбате асани кои прават да се чувствувате силни и сигурни во себе, кои го загреваат целото тело и ви даваат енергија. Потоа додадете една или две асани кои ви се предизвикувачки, за кои чувствувате дека „не можете“ да ги направите или асани кои вообичаено ги избегнувате. Двежете се полека во овие предизвикувачки асани, фокусирајќи го умот на телото и дишењето. Почувствувајте што се случува во телото без да реагирате, судите или критикувате. Дишете длабоко и пуштете го гласот кој ви вели „не можам“. Кога ќе дојдете до вашиот моментален лимит, проверете свесно, без его дали можете да влезете подлабоко во асаната. Предизвикувачките асани може да предизвикаат силни емоции и важно е да се биде во безбедна средина за да можат овие емоции целосно да се изразат и да се ослободат од телото.
Моќта на визуелизацијата
Кога се приближувате до предизвикувачка/тешка/напорна јога асана и се прашувате како да ја „совладате“ предизвикувачкта асана, можете да ја искористите моќта на умот за да го донесете телото во асаната. Ако можете да се видите себеси во јога асаната, можете и да ја направите.
Затворете ги очите, дишете длабоко и визуализирајте како вашето тело ја прави асаната. Замислете го секој детал, гледајќи ја усогласеноста на вашето тело и дишењето. Гледајте се себеси во асаната силни, самоуверени и грациозни. Погледнете како лесно ја држите позата. Имајте ја оваа слика јасно во вашиот ум. Едноставно дозволете му на вашето тело да ја исполни оваа ментална слика, без прекумерен напор. Кога вашето тело е целосно во асаната, фокусирајте се на менталната слика и почнете да го чувствувате вашето тело во визуелизацијата.
Создадете внатрешен фокус со пратјахара
Пратјахара е клучен дел од јога праксата. Директно се преведува како „сетилно повлекување“ и е петти гранка на осумчлениот јогиски пристап кон обединувањето на тело-ум-дух. Со повлекување на нашето внимание од надворешното опкружување и со фокусирање навнатре на дишењето и сензациите, го смируваме умот и ја зголемуваме нашата свесност за телото. Со оваа свесност и фокус, можеме да се движиме подлабоко во праксата на јогата, учејќи да се движиме низ нашите ограничувања, стравови и очекувања. Клучот за практикување пратијахара е набљудување на телото, здивот и сензациите, одвоено како сведок, како да гледате и чувствувате туѓо тело. Користена со сочувство и дисциплина, пратјахара ја збогатува практиката на јога и води до подлабоки фази на концентрација и медитација.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.