Перцепцијата на надворешната состојба како добра или лоша е она што го одредува нашето расположение. Па како гледаме на животот? Две лица може да ја гледаат месечината, но да чувствуваат сосема различни емоции. Едниот човек може да биде воодушевен, а другиот да чувствува меланхолија. Перцепцијата потекнува од нашите лични дефиниции, информации и идентификации на состојбите или ситуациите кои се поврзани со минати сеќавања и искуства.
На пример, некој може да се чувствува лошо ако постигне 90% резултат на некој тест, додека некој друг може да се чувствува среќен и задоволен. Слично на тоа, вработен на кого му ја зголемиле платата за 10% може да се чувствува лошо, додека друг вработен може да биде многу среќен за истото покачување. Ова се случува поради очекувањата што луѓето ги поставуваат за дадена ситуација или настан. Но, нема поголема вистина од реалноста, а тоа е дека е така како што е.
Вашата перцепција ги обликува вашите искуства
Вашите перцепции се исход од сè она што сте чуле, прочитале или разбрале за светот околу вас. Начинот на кој ги гледате работите, луѓето или ситуациите околу вас, ја открива перспективата што сте ја поставиле во вашиот ум и што ги обликува вашите искуства. Значи ако имате перцепција дека врските се тешки и мачни или дека парите доаѓаат на потешкиот начин или дека животот е суров, вие продолжувате да го привлекувате истото преку вашите дефиниции.
Сегашноста е целосна
Животот континуирано обликува комплетни ситуации кои доаѓаат до вас во форма на различни лекции, со цел да ја развие вашата свесност. Тоа е лажното поврзување со егото што не ве поврзува со сегашноста, што прави да ја дефинирате секоја ситуација или состојба како поволна или неповолна. Оваа дефиниција ве носи во задоволство или болка и не и дозволува на мудроста да се соочи со ситуацијата и да се развие.
И лукавото его наоѓа дефиниции за да ги прикрие своите неуспеси при решавање на ситуација. Така, дефинициите се формираат кога одбивате да ја преземете одговорноста за исходот. Па така, ако не можете да се справите со врската во која сте егото создава изговори – „На луѓето не може да им се верува“, ако не ви успее некој деловен потфат – „Јас немам среќа“, ако се соочувате со повторливи неуспеси – „Ме прати лоша среќа“.
Чувствата се илузии
Целиот надворешен свет што го гледате пред себе, вклучувајќи се и самите себе е илузија. Единствената вистина е вашата свест која е радосна, вечна и среќна. Треба да ги „пуштите“ сите желби. Со ова пуштање ќе се ослободите од сите стравови и перцепции. Секако дека не е лесно, но е возможно преку патот на јогата.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.