Многу од растенијата што ги одминуваме незабележано во текот на нашиот ден напорно работат. Тие се вработени од планетата Земја како градежни работници, наставници, чувари и лекари. Врвни во секоја професија и секако највредните работници, кои никогаш не сакаат и не земаат слободен ден во животот. А сепак, човештвото е тоа што не успева да го разбере нивното витално значење во секоја област. Се вели дека не го цениме она што го имаме додека не го изгубиме. Се чини дека тоа е случајот и со нашето растително царство.
Се чини дека радијацијата, контаминацијата со тешки метали, генетското чепкање (ГМО) и пестицидите ги пригушуваат лекциите на можеби нашите најголеми учители и лекари низ времето – растенијата. Бидејќи „науката“ продолжува да го открива и потврдува она што нашите предци веќе го знаеле, јасно е дека имаме многу да откриеме во врска со помошта што растенијата можат да ја дадат во сите области на човековото здравје и свест.
Се вели дека најголемите пронаоѓачи, научници и севкупни креатори низ времето биле оние кои се истакнале во непристрасно набљудување. Луѓето од Кина, Африка и Индија ги претставуваат културите со најдолга историја во вистинско искуство со односот на растенијата и подобрувањето на човештвото. Само во последните неколку векови, сите ние ја напуштивме античката мудрост во арогантна потрага по високотехнолошки решенија. Ова доведе до зголемени стапки на рак заедно со други состојби на хронични болести во „развиените“ нации. Покрај тоа, го оддалечи и го блокира човештвото од нивната интимна врска со земјата на која живеат.
Обнова на физичкото тело
Како што вели Хипократ, „храната нека биде твој лек, а лекот твојата храна“. Може да отидеме и чекор понатаму и да речеме нека биде твој лек, твојот лекар и твојот пријател. Институтот Хипократ докажува дека сировата, растителна храна е супериорна во балансирањето на телото и елиминирање на повеќето немеханички здравствени состојби со кои се соочува човештвото повеќе од шест децении. Слично како и многу други области на „алтернативно“ здравје, се чини дека алопатската/западната/рокфелер медицина ја виде потребата да ги здружи силите и да ги признае своите недостатоци. Необработените диети базирани на растителни производи некогаш се сметаа за мода, сега изгледаат како да се поставени во камен и тука да останат. Мудроста на сировото растение и никулците богати со ензими за повторно балансирање на физичкото тело се сè уште многу значајни во исхраната. Се чини дека експериментот од минатиот век за потпирање на преработената храна, заедно со тешката пропаганда од млечната и месната индустрија, беше убава фуснота на патот кон ѓубриштето на историјата. Од 1,8 милиони видови идентификувани на оваа планета, сите јадат диета со сирова храна, освен еден. Полека се придружуваме на нашата лоза како последни тврдоглави чувари и добиваме топло добредојде со даровите на супериорно здравје од нашите стари учители.
Подигање на нашата свесност
Во време во кое човештвото го изгуби својот пат во маглата на пониската свест, растенијата повторно се појавија да нè научат. Комбинациите на растенијата кои даваат ајахуаска и псилоцибин добиен од печурки добиваат брза популарност не поради нивните рекреативни ефекти, туку поради еволутивните промени на инволвираната индивидуа. Во тек се многу студии за ефектите на таквите „егзотични“ супстанции. Сепак, вистинската вредност може засекогаш да лежи надвор од лабораториските мерни уреди и лабораториските мантили. Aјахуаска е неверојатна алатка која може да ви помогне да ги исчистите вашите најдлабоки демони, внесувајќи јасност и радост во вашиот секојдневен живот, помагајќи ви да се ослободите од секој страв, покажувајќи ви како се чусвствува безусловната и целта на душата. Дарот што го подучуваат овие моќни учители може да почива исклучиво на возвишената свест и интимното лично искуство со кое секој си заминува по искуството со горенаведените учители/растенија.
Енергетската терапија со цвеќиња на д-р Бах
Честопати занемарена лекција од нашите учители, растенијата е нивната помош и ефектите врз нашите енергетски системи. Д-р Едвард Бах верувал дека нема вистинско исцелување освен ако нема „промена во погледот, мирот на умот и внатрешната среќа“. Неговата „цветна терапија“ ја користи суштината или душата на специфичните цвеќиња од повисок ред кои се подготвени преку хармоничен процес на природна алхемија. Процесот е сличен на оној што го користеле домородните американски исцелители. Овие есенции не делуваат на физичкото тело. Тие работат на човечкиот енергетски систем. Убавината е во едноставноста. Сепак, едноставноста, во овој случај, не треба да се меша со примитивна форма на лекување. Тоа е сосема спротивно. Така, учењето вели дека болеста е дисхармонија или нарушување на фреквенциите во или помеѓу различните нивоа на аурата. Информацискиот модел на изобличувањето се покажува на етерично ниво со недели, месеци, па дури и години пред да се манифестира во физичкото тело.
Ако овие дисхармонии се коригираат на етерското ниво со користење на суптилни методи на лекување, тие нема да се манифестираат во физичкото тело. Всушност, физичката болест служи како последен корективен фактор. Тоа е предупредувачко светло, кое силно покажува дека нешто треба веднаш да се смени за да се спречи појавата на дисфункција. Во текот на 1920-тите и раните 1930-ти, д-р Бах открил триесет и осум посебни цветни есенции кои се однесуваат на различни модели на дисфункција кај човечките суштества. Секој има специфична задача да ги балансира тие нарушувања, а со тоа и енергетското тело и физичкото тело на поединецот. Тој рекол – „Овие растенија се тука за да му подадат рака на човекот во темните часови на заборав кога ќе ја изгуби од вид својата божественост и ќе дозволи облакот од страв или болка да му го замати видот“.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.