Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    среда, мај 14
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Личен развој»Интроспекција извор на само-подобрување
    Личен развој

    Интроспекција извор на само-подобрување

    omnia.mkBy omnia.mk24/08/2019Updated:19/01/2023Нема коментари3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    интроспекција
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Сите ние имаме верувања и перцепции преку кои анализираме и одлучуваме за некои ситуации или личности. Живееме во илузорни граници на нашиот процес на размислување, кој брзо анализира или реагира на одредена ситуација. Но, кога станува збор за себе честопати не успеваме да ја примениме истата логика што ја применуваме на другите. Ова е затоа што не успеваме да го слушнеме внатрешниот глас, нашата свесност. Тука користиме интроспекција.

    Интроспекција значи испитување на сопствените мисли, чувства, верувања без манипулирање или извртување на вистината. Ѕиркање во нашите души и анализирање на сопственото однесување, донесувањето одлуки, мисловниот процес, нашите емоции и преземените активности.

    Интроспекцијата ни помага да се разбереме себеси подобро. Интроспекцијата помага во:

    1. Разбирање на нашите негативни карактеристики

    Интроспекцијата ни овозможува да го набљудуваме сопственото однесување, процесот на размислување, емоциите и начинот на живеење. Не само што ни дава мудрост да ги разбереме карактеристиките кои не ги сакаме кај самите себе, туку и ни дава храброст да се соочиме со нив, да ги ослободиме и прифатиме.

    2. Работење на себе

    Штом ќе ги разбереме овие негативни карактеристики, започнуваме да работиме на трансформација. Го гледаме животот од нова перспектива. Тоа ни овозможува да растеме како личност. Градиме самодоверба со самопочитување и тоа не прави подобра верзија на самите себе.

    3. Менување на начинот на размислување

    Самоинтроспекцијата ни овозможува да се нурнеме во нашите души и не тера да го слушаме нашиот внатрешен глас. Тоа ни помага да размислуваме неутрално и да не дозволуваме нашите мисли да бидат под влијание на надворешните ситуации. Запомнете, дека интуицијата никогаш не лаже. Сите наши мислења и секоја одлука треба да биде заснована на нашата интуиција.

    4. Постигнување на внатрешен мир

    Откако ќе почнеме да ја слушаме интуицијата или „внатрешниот глас“ ќе се чувствуваме посмирени одвнатре. Самоинтроспекцијата не тера да ја сфатиме вистинската суштина на живеењето.

    5. Живеење во сегашниот момент

    Откако ќе почнеме да ја слушаме интуицијата или „внатрешниот глас“ ќе сфатиме дека сегашниот момент никогаш не ни носи болка. Инцидентите од минатото и грижите за иднината ни ја создаваат илузорната болка. Откако ќе ја разбереме оваа прекрасна реалност ќе почнеме да живееме во сегашниот момент, наместо да се држиме за минатото кое одамна го снемало или да размислуваме за утрешниот ден кој сè уште не пристигнал.

    6. Концепт за среќа

    Како што споменавме погоре, интроспекцијата нè тера да сфатиме дека вистинската среќа доаѓа од живеење во сегашниот момент. Го прави јасен концептот на среќа со тоа што не тера да сфатиме дека виститинската среќа е во себе. Не треба да зависиме од надворешните фактори, трети лица или ситуации.

    7. Фокусирање на „поголемата слика“

    Самоинтроспекцијата го отвара нашиот ум кон фактите. Тоа ни помага да размислуваме, одлучуваме и да постапуваме соодветно. Така, пред да реагираме ја согледуваме „поголемата слика“ што ни овозможува да не донесуваме избрзани одлуки и постапки за кои можеме да се каеме.

    8. Соочување со стравот

    Сите ние имаме одредени стравови во животот. Интроспекцијата ни помага да ги разбреме и да ги признаеме. Истовремено не охрабрува да се издигнеме над нив и не исполнува со мудрост како да се справиме со истите.

    9. Трансформирање на себеси

    Откако ќе научиме да ја фокусираме нашата енергија во вистинска насока, стануваме повеќе самосвесни, а нашето ниво на разбирање се подобрува и зголемува. Добиваме јасна слика за што сакаме од животот.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    инстроспекција личен развој
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleРазликата помеѓу знаење и мудрост
    Next Article Тестенини со песто и брокула
    omnia.mk

    Related Posts

    Телото како сведок на сè што премолчуваме

    02/05/2025

    Кога звукот лекува – разговор со звукотерапевт, Ива Зафировска

    25/04/2025

    Дали сме научени да се задоволуваме со премалку?

    21/04/2025

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.