Радосното срце и смирениот ум не е нешто што едноставно се случува. Тоа бара труд, намера и пракса. Јогата нè учи како да ја негуваме среќата со фокусирање на сегашниот момент, живеење во хармонија со природата, култивирање внатрешен мир и покажување сочувство и љубезност кон другите. Инспиративни цитати се одлична алатка за да му пристапите на животот со позитивен начин на размислување и отворено срце. Тие се совршени потсетници за да ги доведете во хармонија вашето тело, ум и дух.
Користете ги следните инспиративни цитати за да се потсетите да бидете пољубезни кон себе и да ви бидат инспирација да продолжите на патот кога времињата стануваат тешки.
Се надеваме дека следните цитати ќе ве инспирираат и поттикнат да преземете акција за негување и создавање повеќе радост во вашиот живот.
„Среќа е кога она што го мислите, она што го кажувате и она што го правите се во хармонија“. – Махатма Ганди
„Здравите растенија и дрвја обилно даваат цвеќиња и плодови. Слично, од здрава личност, насмевките и среќата сјаат како сончеви зраци“. – Б.К.С. Ајенгар
„Среќата до одреден степен зависи од надворешните услови, но главно од менталните ставови. За да биде среќен човек треба да има добро здравје, урамнотежен ум, просперитетен живот, правилна работа, благодарно срце, а пред се мудрост или знаење за Бога“. – Парамаханса Јогананда
„Илјадници свеќи може да се запалат од една свеќа, а свеќата нема да се скрати. Среќата никогаш не се намалува со споделување“. – Буда
„Јогата е златниот клуч кој ја отклучува вратата кон мирот, спокојството и радоста“. – Б.К.С. Ајенгар
„Многу поинтересен, љубезен, авантуристички и радосен пристап кон животот е ако почнеме да развиваме љубопитност, не грижејќи се дали предметот на нашата љубопитност е горчлив или сладок“. – Пема Чодрон
„Бидете искрени со вашите мисли, бидете чисти со вашите чувства. Нема да мора да трчате по среќата. Среќата ќе трча по вас“. – Шри Чинмој
„Среќата лежи во тоа да ги правите другите среќни, во напуштањето на личниот интерес за да им донесете радост на другите“. – Парамаханза Јогананда
„Ако сте направиле нешто добро, доживувате задоволство и среќа. Ако сте направиле погрешни работи, доживувате страдање. Среќен или несреќен живот е ваша креација. Никој друг не е одговорен. Ако го разберете ова, нема да најдете маана во никого. Вие сте свој најдобар пријател, но и вашиот најголем непријател“. – Шри Свами Сатчидананда
„Ако сакате да бидете тажни, никој на светот не може да ве направи среќни. Но, ако одлучите да бидете среќни, никој и ништо на земјата не може да ви ја одземе таа среќа“. – Парамаханза Јогананда
„Пуштањето ни дава слобода, а слободата е единствениот услов за среќа. Ако, во нашите срца, сè уште се држиме за нешто – гнев, вознемиреност или материјални добра – не можеме да бидеме слободни“. – Тич Нахат Хан
„Многу луѓе мислат дека возбудата е среќа. Но, кога сте возбудени, не сте мирни. Вистинската среќа се заснова на мирот“. – Тич Нахат Хан
„Мирот е присутен токму овде и сега, во нас самите и во сè што правиме и гледаме. Секој здив што го вдишуваме, секој чекор што го правиме може да биде исполнет со мир, радост и спокојство. Прашањето е дали сме во контакт со сегашниот момент или не. Треба само да бидеме будни, живи во сегашниот момент“. – Тич Нахат Хан
„Основната работа е дека секој сака среќа, никој не сака страдање. А среќата главно доаѓа од нашиот сопствен став, наместо од надворешни фактори. Ако вашиот сопствен ментален став е правилен, дури и ако останете во непријателска атмосфера, се чувствувате среќни“. – Далај Лама
„Целта на животот е да се гледа и да се доживее живеењето. Да уживате во живеењето во секој момент од него. И да живеете во средини, кои се мирни, тивки, бавни, софистицирани, елегантни. Само да бидете. Без разлика дали сте голи или имате златна наметка на себе, тоа не прави никаква разлика. Идеалната цел на вашиот живот е да сте благодарни што сте живи и да уживате во тоа“. – Јоги Баџан
„Тагата ве подготвува за радост. Насилно брише сè надвор од вашата куќа, така што новата радост може да најде простор да влезе. Ги тресе жолтите лисја од гранката на твоето срце за да можат на нивно место да растат свежи, зелени лисја. Ги повлекува скапаните корени, така што новите корени скриени имаат простор да растат. Без оглед на тагата што го тресе вашето срце, многу подобри работи ќе го заземат нејзиното место“. – Руми
„Јогата е пат до слободата. Со нејзина постојана пракса, можеме да се ослободиме од стравот, вознемиреност и осаменост“. – Индра Деви
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.