Стресот, менталните болести, недостаток на спиење, начинот на исхрана и многу други фактори влијаат на здравјето на вашиот имунолошки систем. Добрата вест е дека може да го зајакнете по природен пат, со мали и лесни промени во секојдневниот живот.
Животниот стил игра голема улога во начинот на функционирање на нашиот имунолошки систем. Зеленчукот со високо ниво на антиоксиданти може да ја подобри неговата функцијата. Редовното и квалитетно спиење е исто така важна навика, која може да го подобри имунолошкиот систем. Нашите тела „зависат“ од спиењето за да се намалат воспаленијата во организмот, па така помага имуниот систем да работи ефикасно. Затоа, ако забележите дека имате имунолошки потешкотии, следните неколку промени на животниот стил може да ви помогнат.
1. Здрав дигестивен систем
Храната што ја консумирате има директно влијание врз вашиот имунолошки систем. Бидете сигурни дека внесувате здрави и хранливи намирници кои ќе придонесат за правилна работа на вашиот дигестивен систем, а со тоа и да го зајакнете имунолошкиот систем.
Имунолошкиот систем е „погоден“ од исхраната. Можете да го подобрите здравјето и функцијата со внесување на пробиотици, пребиотици и растителни влакна.
2. Квалитетен сон
Друг начин за зајакнување на имунолошкиот систем е повеќе спиење. Ако имате проблеми со несоница, може да се стремите да добиете поквалитетен одмор во меѓувреме. Спиењето е лек. Квалитетниот сон е клучен за подобрување на имунолошкиот систем. Обидете се да не гледате телевизија или да јадете во кревет и да одржувате пониска температурата на собата каде што спиете.
3. Вежбајте
Редовната физичка активност ја подобрува имунолошката функција и целокупното здравје на телото. Физичката активност може да помогне да се ослободиме од бактериите од белите дробови и дишните патишта. Ова може да ги намали шансите за настинка или грип.
Вежбањето предизвикува промена на антителата и белите крвни зрнца. Белите крвни зрнца се оние кои се борат против болести. Тие циркулираат побрзо за да можат порано да ја детектираат болеста.
Физичката активности го успорува ослободувањето на стрес хормоните. Стресот ја зголемува можноста за развивање на некаква болест. Пониските стрест хормони во нашето телото следствено на ова, може да заштитат од развивање болести.
4. Внесувајте повеќе цинк
Цинкот кој може да се најде во месото, школките, семките и млечните производи може да биде одличен за имунолошкиот систем.
Цинкот е навистина важен за нормален развој и функција на клетките кои го сочинуваат имунолошкиот систем. Тоа не значи дека треба да купувате цинк во вид на суплементи, доволно е само да внесувате во организмот повеќе храна која содржи природно цинк.
5. Внесувајте повеќе магнезиум
Магнезиумот, кој се наоѓа во зелените зеленчуци е уште една хранлива материја која може да биде корисна за подобрување на имунолошкиот систем.
Магнезиумот придонесува за многу реакции во организмот. Го одржува имунолошкиот систем јак и ја подобрува работата на срцето и мозокот.
6. Внесувајте повеќе витамин Д
Дефицитот на витаминот Д може да биде виновник за намалениот имунитет. Дефицитите на витамин Д се поврзуваат со поголема подложност на инфекции. За да го зголемите нивоата на витамин Д, доколку ви се намалени, треба да поминувате повеќе време на сончева светлина, да јадете храна богата со хранливи материи и да земате додатоци во исхрана.
7. Пијте повеќе вода
Една од наједноставните работи што можете да ги направите за да го зајакнете имунолошкиот систем е да пиете доволно вода.
Покрај очигледните опасности од не доволно пиење вода, дехидрацијата може да предизвика запек, главоболка и намален имунитет. Слично на тоа, правилната хидратација го подобрува здравјето на имунолошкиот систем, помагајќи му на телото да ги отстрани токсините и надворешните инфекции.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.