Close Menu
Омниа
    Facebook X (Twitter) Instagram
    петок, мај 16
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    • Јога
    • Здравје
    • Личен развој
    • Духовност
    • Авантури и природа
    • Глобална свесност
    • Рецепти
    • Астрологија
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    Омниа
    Home»Личен развој»Имагинација – најсилната човекова моќ
    Личен развој

    Имагинација – најсилната човекова моќ

    omnia.mkBy omnia.mk31/01/2021Updated:16/01/2023Нема коментари6 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    имагинација
    Share
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кога трагаме по вистината, разумот и вербата се важни. Сепак, тие не можат да одговорат на сите наши прашања, ниту да ни помогнат да ја разбереме смислата на животот. Разумот и вербата не ја задоволуваат доволно љубопитноста за светот и не ги објаснуваат сите мистерии. Човечките суштества не можат целосно да се потпрат на разумот, вербата и емоциите кога треба да ги решат своите проблеми или да ги проверат вистините. Потребен ни е холистички пристап за да ги разбереме вистините на Универзумот и нашето постоење. Тука, користиме имагинација, која има важно место и значење.

    Имагинацијата е супериорна моќ, која на многу начини ја подобрува способноста на човечкиот ум да ги разбере вистините и да ја разбере смислата на нештата. Затоа, наместо само да се потпираме на разумот и вербата, треба да внесеме и имагинација во нашето набудување, истражување и анализа на вистините. Каде што фактите не се јасни, каде што причините не можат јасно да се утврдат, мораме да користиме имагинација за да ги премостиме празнините што постојат во нашето знаење и разбирање.

    Имагинацијата е далеку посупериорна од разумот и вербата. Таа ни е потребна кога го користиме разумот, а за вербата ни е сосема неопходна. Додека логиката е обврзана на одредени принципи и процеси, човечката имагинацијата нема поставени граници или ограничувања. Таа е неврзан, слободен проток кој може да „се движи“ на секој можен начин и во секоја можна насока без ограничување.

    Имагинацијата и Универзумот

    Се чини дека алгоритамот што ја контролира имагинацијата е ментална реплика на програмата што го води самиот Универзум. Оттука, функционирањето на човечкиот ум е многу слично на начинот на кој функционира Универзумот. Заради имагинацијата, нашите умови имаат неограничен капацитет да бидат што било и да станат сè. Само заради нашата имагинативна способност, ние сме во состојба да ги разбереме тајните на Универзумот или да ги формулираме апстрактните поими за Божјиот принцип.

    Исто како Универзумот, човечкиот ум е отворен и неопределен, без утврдени правила, каде реалноста може да биде било што или да стане нешто, без никакви граници, освен оние што некој си ги поставува себеси поради страв или незнаење. Исто како што постојат бројни можности во Универзумот, така и во нашите умови, можеме да замислиме бесконечни веројатности и можности.

    На пример, во нашата имагинација можеме да бидеме сè што сакаме. Може да бидеме Супермен, да читаме мисли, да патуваме на далечни планети или да извршуваме било каква натчовечка задача. Во дел од секунда, нашата имагинација може да изгради сè што посакуваме. Може да изградиме повеќе реалности, да „патуваме“ во иднината  или да се вратиме назад во минатото.

    Креирање со имагинација

    Понатаму, сè што може да си замислиме во умот може потенцијално да се случи во Универзумот. Можеби нема да се случи конкретно во овој живот, но може да се случи во некоја димензија, или простор и време во Универзумот, каде законите на физиката или квантната реалност најверојатно не се ни исти. На пример, во античко време луѓето замислувале летачки машини. Денес, тоа е реалност. Во денешната научна фантастика, наидуваме на многу научни можности во врска со патувањето во вселената, патувањето низ времето, вештачката интелигенција, вонземскиот живот. Во моментов, тие може да се појават како производи на нечија богата имагинација, но некогаш навистина можат да бидат можни.

    Без имагинација, не можеме да сочувствуваме со другите, да откриваме вистини или да ја искажеме нашата хуманост. Разумот не може да ги разбере вистините што се незабележливи за нашите сетила или да решава сложени проблеми каде што не може јасно да се утврдат причините.

    Имагинацијата ги проширува нашите „хоризонти“ во објективниот свет. Со нејзина помош, можеме да го замислиме бесконечниот Универзум во нашата ограничена свест и да ги разбереме неговите димензии и мистерии. Можеме и ментално да визуелизираме многу процеси што се случиле во минатото, вклучително и еволуцијата на животот или напредокот на нашата цивилизација низ милениумите.

    Дали имагинацијата е ограничена?

    Вистина е дека нашата имагинација е ограничена. Не е реална во физичка смисла затоа што не можеме лесно или веднаш да го манифестираме во физичкиот свет она што го замислуваме. Сепак, не можеме да ја игнорираме нејзината важност за нашиот опстанок и во обликувањето на нашата иднина. Имагинацијата заедно со разумот и вербата ни помагаат да предвидиме и да веруваме во разумни исходи од било кои дејствија, проблеми или ситуации. Таа ни помага да формираме хипотези кога немаме соодветен доказ или знаење, или да предвидуваме можности кога не можеме да ја предвидиме иднината. При решавање на проблеми и донесување одлуки имагинацијата ни помага да најдеме алтернативи и да анализираме различни сценарија. Таа исто така е корисна за идеи, креативно размислување, научни пронајдоци, иновации и откритија.

    Во областа на психологијата и менталното здравје, имагинацијата ни помага да го подобриме нашето размислување и однесување. Со помош на техники за визуелизација, можеме да ги репрограмираме нашите умови и да ги надминеме нездравите навики.

    Имагинацијата е од непроценлива важност при донесување одлуки, креативно решавање на проблеми, планирање и справување со несигурности. Во психологијата и духовноста, техниките на имагинација и визуелизација често се користат за зајакнување на позитивното однесување и ставови, како и за ослабување на негативното однесување и вообичаените обрасци на размислување.

    Трите квалитети

    Во потрага по вистината, во решавање проблеми и справување со луѓе и ситуации, за подобрување на животот, можете да се потпрете на овие три „квалитети“. Можете да го користите разумот за да го анализирате вашето однесување, да донесете правилни одлуки и да ги изберете вистински вредности, принципи и цели. Во тешки ситуации и среде несигурност, или кога разумот и анализата не ви даваат јасни одговори, може да се потпрете на вербата да истраете во своите постапки или да верувате во себе, во своите вредности и принципи или во некоја повисока моќ.

    Комбинирајте ја моќта на имагинацијата со разумот и вербата за да ја умножите моќта на вашиот ум и неговата интелигенција. Користете ја вашата имагинација за да предвидите можности и веројатности. Со помош на разумот, поставете си ги своите цели и осмислете интелигентни стратегии и планови за да ја зголемите можноста да ги достигнете. Додека ги спроведувате своите планови и ги извршувате своите цели, бидете упорни, имајте верба за да успеете во вашите напори и да ги зголемите шансите за создавање на посакуваната иднина.

    УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
    Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.

    верба имагинација личен развој мисли разум фантазија
    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email
    Previous ArticleРазбирање и прифаќање на емоциите
    Next Article Намера – суштината на сите наши акции
    omnia.mk

    Related Posts

    Телото како сведок на сè што премолчуваме

    02/05/2025

    Кога звукот лекува – разговор со звукотерапевт, Ива Зафировска

    25/04/2025

    Дали сме научени да се задоволуваме со премалку?

    21/04/2025

    Comments are closed.

    Омниа.мк
    info@omnia.mk
    контакт телефон +389210180
    Copyright © 2023 Omnia.mk

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.