Меѓу многуте вредности, концентрација значи и граница. Невидливо поле на сила што нè одржува интимно врзани со сегашниот момент, ослободено од одвраќањата на минатото и хипотетичката иднина.
Без концентрација (dharana), ние сме робови на сè што ни доаѓа или го „прекинува“ сегашниот момент.
Што е концентрација?
Корените на зборот укажуваат на неговата моќ за присуство, лат. con centrum, во центарот. Концентрацијата е прилично едноставно средство да бидеме целосно во сегашниот момент, свесни за нашето опкружување, нашите тела и умови баш како што се.
Ни овозможува да го доживееме животот со јасност и остар фокус, расчистувајќи ги осудувањата и критиките, кои толку лесно се појавуваат од расеаниот ум.
За среќа, концентрацијата може да се култивира. Всушност, концентрацијата е основата на медитацијата и многу важен дел од јога праксата.
Медитација наспроти концентрација
Зборот „медитација“ има тенденција да претстави прилично специфична и погрешна слика. Личност облечена во наметка, совршено исправена, во леснотија и во целосна тишина. Вообичаена заблуда е дека единствена цел на медитација е да се испразни умот од мислите.
Во студијата и центрите за јога низ целиот свет, она што обично се учи како медитација е всушност концентрација, витален чекор пред медитација.
Дарана и дијана
Во јогата,концентрацијата е позната како дарана, средство за тренирање на умот да се фокусира на одредена точка. Со пракса, концентрацијата може да стане толку силна што се спојува со сегашниот момент, и тогаш се појавува вистинска медитација или дијана.
Дијана е спонтана и природна состојба, а не нешто за што очајно се стремиме или „фаќаме“. Разбирањето на оваа разлика е клучот за медитација, која не може да се доживее без претходно култивирање на концентрација.
Ова објаснува зошто во срцето на повеќето медитативни практики има фокусна точка, предмет на концентрација на кое ќе биде насочено вниманието. Тоа може да биде дишењето, звук, слика, мантра, чакра, телесни сензации или дури и емоции.
Додека мислите и чувствата доаѓаат и си одат како бранови во океанот, можеме да ги користиме овие објекти на концентрација за да останеме „закотвени“ за длабоката јасност под површината.
Ослободување од сите одвлекувања на вниманието
Кога ќе седнеме во тишина неизбежно е дека ќе се појават мисли, слики, сеќавања или било какви одвлекување на вниманието. Без разлика дали ќе бидат одалечени звуци, трнење во ногата или било какви мисли, расеаниот ум речиси не може да биде на едно место истовремено.
Постојаното освестување на овие одвлекувања на вниманието не само што ни помага подобро да ја разбереме природата на умот, туку ни овозможува да ја зајакнеме вештината на концентрација.
Целта на медитација не е да седиме совршено мирни еден час и да го присилите вашиот ум во блаженство. Апсолутно секој може да биде обучен да седи мирен еден час, но без свесност, тоа нема да биде од никаква корист. Практиката на дарана значи интегрирање на свесност и концентрација во нашите животи.
Помислете на ова како подготовка за главниот настан. Ако научиме како да станеме свесни за одвлекувачите на вниманието и постојано да се враќаме на објкетот на концентрација во медитативната пракса, тоа ќе можеме да го примениме како вештина во секојдневниот живот.
Направете пауза
Следниот пат кога ќе сакате да посегнете по вашиот мобилен телефон, запрашајте се кој е вашиот мотив. Дали навистина ви е потребно да го проверите телефонот, или може да направите нешто покорисно со вашето скапоцено време?
Кога редовно практикуваме медитација особено во мали и навидум незначајни моменти, имаме простор да ги набљудуваме шемите на нашите умови што ги сочинуваат нашите навики.
Кога ги забележуваме дистракциите – било материјални или апстрактни – се појавуваат поголеми празнини помеѓу нив, создавајќи чувство на простор, леснотија и јасност.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.