Постојано сме во брзање и немаме момент да направиме пауза. „Скокаме“ од една на друга обврска, задача или активност и ретко застануваме да го забележиме моментот кој ни одминува. Може да ни изгледа како да немаме многу време за себе кога работите се одвиваат хаотично. Нивоата на стрес се зголемуваат и можеме да го почувствуваме стресот во нашите умови и тела.
Грижата за себе има многу правци. Еден од нив е враќање на смеењето во секојдневниот живот. Ова можеби и не е првата асоцијација што ви доаѓа на ум кога ќе помислите на грижа за себе. Сигурно прво ќе помислите на правилната исхрана, вежбањето или квалитетниот сон, меѓутоа смеењето носи многу придобивки за нашето емоционално, ментално и физичко здравје.
Смеењето предизвикува позитивни промени во нашите умови и тела. Пример, кога се смееме, умот се опушта. Кога умот е опуштен, нашите тела го следат истиот пример. Кога се смееме внесуваме повеќе количество кислород кој го стимулира нашето срце, бели дробови и мускули. Нашиот мозок ослободува ендорфин, кој создава средина за порелаксиран и посреќен ум. Физички гледано, смеењето ги намалува нашите хормони на стрес и ги зголемува нашите имунолоши реакции, вклучувајќи ги и нашите антитела кои се борат против болести и инфекции.
Нашите мисли и искуства некогаш стануваат наши хемиски реакции. Стресот можеме да го примиме како кортизол, познат како хормон на стрес, или среќата може да ослободи ендорфин.
Смеењето може да би помогне и во нашите односи со другите луѓе, зајакнувајќи ги нашите односи со нашите блиски. Смеењето ни помага да шириме светлина, кога сме соочени со темнина.
Постојат многу начини да внесеме малку смеа и хумор во нашиот секојдневен живот. Можеме да научиме да се смееме во тешки ситуации со тоа што ќе направиме чекор назад и ќе ги најдеме позитивните елементи на кои можеме да се фокусираме.
Што ако направиме грешка? Нормално, како луѓе не сме совршени, некогаш ќе згрешиме и тоа е неизбежно. Можеме да научиме да се насмееме, да ја пронајдеме лекцијата во моментот и да продолжиме да се стремиме кон подобри резултати. Можеме да се опкружиме со истомисленици кои внесуваат хумор во разговорот. Овие луѓе се вистинско богатство. Тие ни помагат да ја видиме целосната слика.
Откако ќе воспоставиме свој уникатен начин за изразување на хумор, можеме да го искористиме тоа како алатка за подобро живеење, или грижа за себе. Можеме да го искористиме смеењето и хуморот за да го подобриме квалитетот на животот. Секако дека вредното работење е добра особина. Меѓутоа ако не научиме да се одмориме, да направиме пауза кога ни е најпотребно и квалитетот на нашата работа ќе опадне. Мораме да ја најдеме рамнотежата помеѓу времето за обврски, акција и времето за смеење, пауза, полнење на батерии и уживање во овој живот што го живееме.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.