Дали сте знаеле дека на стапалата и дланките има точки кои се поврзани со сите витални органи во нашето тело? Со стимулирање на овие точки ние ги масираме внатрешните органи и го подобруваме протокот на витална енергија.
Милиони години луѓето оделе боси по земјата, апсорбирајќи ги слободните електрони. Одалечувајќи се од овој извор на енергија – преку чевли, асфалт, гуми, згради – предизвикуваме нарушувања на нашето здравје.
Поради современиот начин на живеење ја имаме изгубено значајната врска со Земјата, но преку одење босоноги во природа можеме да ја вратиме потребната рамножета и да ги уживаме придобивките од поврзувањето со почвата.
Проток на енергија во нашето тело
Биоелектрицитетот тече низ нашите тела и им дава енергија на сите органи за да функционираат правилно и избалансирано. Тој биоелектрицитет тече низ мрежа на меридијани.
Меридијаните започнуваат на секој прст од двете раце, се протегаат долж целото тело и завршуваат на врвовите на прстите на стапалата. Кога таквите меридијани се „отворени“ сите органи добиваат потребна енергија за оптимални перформанси.
Кога поради некоја причина тој проток е попречен, енергијата не може да достигне одредени органи и се појавува нарушување во функцијата на тој орган, што со текот на времетоможе да резултира со болест.
Нашите дланки и стапала содржат бројни „точки“ за сите наши витални органи и делови од телото. На врвовите од прстите има точки кои се поврзани со главата – за мозокот, синусите, очите и ушите.
Горниот дел од дланките и стапалата содржат „точки“ кои се поврзани со горниот дел на телото, додека долниот дел на дланките и стапалата содржат „точки“ кои се поврзани со долниот дел на телото.
Со цел да се активираат овие точки потребно е да се масираат стапалата секојдневно или едноставно да одите боси.
Заземјување преку одење боси
Заземјувањето може да биде исто толку важно колку и сончевата светлина, воздухот, водата и хранливите материи. Тоа значи контакт со природната електрична енергија што произлегува од површината на Земјата. Заземјувањето се постигнува преку одење боси, седење или лежење на земја.
Заземјувањето или поврзувањето со земјата има многу придобивки:
- го намалува нивото на стрес;
- го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем;
- го намалува ефектот на штетните електромагнетни полиња;
- го забрзува закрепнувањето по болести и повреди;
- го подобрува квалитет на спиење.
Покрај тоа, истражувањата јасно покажуваат дека заземјувањето има силен ефект врз рамнотежата помеѓу здравјето и болестите и нашите шанси за подолг и подобар живот.
Како да одите боси?
Почнете полека и постепено зголемувајте го временскиот период на одење без обувки. Имајте на ум дека прошетката ќе биде различна доколку се одлучите да одите боси.
Најдобро е да започнете да одите боси по меки површини, како што е песокта или тревата. Кога мускулите на стапалата и глуждовите ќе станат посилни а кожата на стапалата поиздржлива можете да почнете да одите на различни површини.
Нашите тела се совршени и долготрајни, ако научиме да се грижиме за нив правилно. Летото е идеален период да се остават обувките и да се започне со кратки богоноги прошетки.
Можеби на почетокот ќе почувствувате непријатно бидејќи не сте навикнати да одите боси, но колку повеќе шетате толку подобро ќе се стимулира протокот на енергија со што ќе го подобрите вашето здравје и ќе добиете чувство на задоволсто и освежување.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.