Повеќето од нас ги поистоветуваат термините знаење и мудрост кои всушност се доста различни. Знаењето се стекнува, додека мудроста е примена на знаењето според параметрите на тука и сега. Г-дин Мајлс Кингтон, британски новинар и музичар, еднаш рекол дека „Знаењето значи да знаете дека доматот е овошје, мудроста значи да не го ставите во овошна салата“.
Знаењето претставува збир на информации кои ги собираме преку учење на одредена работа, место или личност. Овие информации ги собираме преку разни медиуми, како книги, онлајн истражувања, туторијали, или преку искуства, додека мудроста е способноста да го примениме наученото знаење на соодветното место и во соодветното време.
Знаењето се стекнува со учење факти и информации за одредена работа. Мудроста се стекнува со набљудување на искуствата, што се случуваат кога се применува знаењето, а исто така и преку учењето за последиците и резултатите. Човек кој не добил формално образование во животот, може да биде многу мудар, бидејќи бил заинтресиран набљудувач на животот.
Знаењето е читање на приказна, а мудроста е разбирање на моралната поука од истата. Знаењето е разбирање на Питагоровата теорема, а мудроста е аплицирање на истата за да се најде најкратката патека на патувањето. Знаењето е да знаете како да користите пиштол, а мудроста е да знаете кога да го користите а кога не.
Знаењето престојува во Манипура чакра управувана од Сонцето, а мудроста излегува од Вишуди чакра. Знаењето е моќ, додека мудроста е доблест. Знаењето се добива, додека мудроста се развива. Знаењето е теоретско и поврзано со умот, додека мудроста е духовна и е поврзана со душата. Мудроста е оној квалитет што го тера човекот да донесе вистинска одлука во моментот. Тоа е примена на знаењето, разумот и искуството во вистинско време, место, начин и ситуација, така што е избран вистинскиот тек на дејствување. Додека знаењето може да се промени со текот на времето, мудроста е безвременска.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.