Потребни состојки за зимска салата со тиква:
- мешани зелени зеленчуци 300 гр. (марула, рукола, спанаќ, блитва по избор);
- 400гр. тиква;
- 1 лажица маслиново масло;
- 2 гранчиња рузмарин;
- сол и бибер;
- 8 лажици зрна од калинка;
- 55гр. печени ореви;
- 100гр. горгонзола;
- 115мл. сок од портокал;
- 3 лажици балсамико;
- 1 лажица маслиново масло.
Потребно време за подготовка на ова јадење е 50 минути.
Нутритивна вредност: калории 340; натриум 30% (710мг.); масти 34% (22гр.); протеини 16% (8гр.); јаглехидрати 10% (31гр.); влакна 28% (7гр.)
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200°C. Исецкајте ја тиквата на коцки и ставете ја во тавата за печење. Додајте маслиново масло, гранчињата рузмарин, сол и бибер. Печете отприлика 30-тина минути.
Во меѓувреме додека се пече тиквата подгответе го дресингот за салатата. Во посебен сад ставете го сокот од портокал, маслиновото масло и балсамико оцет и убаво промешајте.
Откако ќе биде готова тиквата, во голем сад додајте ги мешаните зелени зеленчуци (марула, рукола, спанаќ), додајте ја печената тиква, оревите, зрната од калинка, горнгозолата, сол, бибер и убаво промешајте. Одозгора прелијте ја салатата со претходно подготвениот дресинг и послужете.
Voilà! Bon appétit!
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.