Зен градина, исто така позната и како јапонска градина, се претпоставува дека носи смиреност, спокојство и благосостојба во животната средина и кај луѓето. Можете да ја создадете во вашиот дом или канцеларија во минијатурен верзија. Зен градината е многу разноврсна, може да се направи во различни големини, а се верува дека ќе ви помогне да го вратите физичкиот, емотивниот и менталниот баланс.
Зен градина или јапонската градина, која по самото име го означува своето потекло, е многу уникатен простор. Обично направена од чакал, камен и фонтани, тоа е совршено место за оние кои бараат ментален одмор или момент на медитација.
Со секој изминат ден, зен-градините стануваат се попопуларни и на Запад. Тие се лесни за одржување, бидејќи имаат камена основа, и се едноставни за создавање. Брзо ќе сфатите дека примарна грижа при нивното создавање ќе биде само изборот на материјали.
Основните елементи на зен градините
Главната карактеристика на Зен градината е нејзината едноставност. Всушност, тоа е едноставноста со која истата се гради, а треба да се префрли и во начинот на живеење на секојдневниот живот. Овој елемент ќе ви помогне да живеете на помирен начин и со повеќе самоспознавање.
Запомнете: Зен градината е местото каде што можете да слушнете што вашето тело и внатрешно јас имаат да кажат.
Песок – го претставува морето и е поврзан со мирот и спокојството на духот и умот. Во песокот, со помош на гребло, можете да создадете бранови. Брановите дизајнирани во поиздолжена, заоблена шема симболизираат немирни води, додека правите линии претставуваат помирни води.
Камења – ги претставуваат камењата, односно карпите каде се удираат брановите на морето, симболизирајќи го движењето и континуитетот. Тие се однесуваат и на планини и на доминантни елементи на природата.
Дополнителен податок: во Зен градината, камењата мора да бидат во непарен број и асиметрично поставени.
Растенија и цвеќиња – во зен градината, растенијата и цвеќињата ја претставуваат природата, а со тоа и животот.
Затоа, дајте им предност на најчестите видови во источната филозофија, како што се магнолиите, азалеите, црешите и малите грмушки.
Како да создадете минијатурна зен градина во својот дом?
Ќе ви биде потребно:
- плиток сад
- гранит, ситен чакал, бел песок
- декоративни елементи како камења, растенија, статуи итн.
- гребло
ЧЕКОР 1 – Побарајте основа погодна за големината на зен градината што сакате да ја создадете. Препорачуваме нешто од 2 до 10 см во висина, по можност од дрво. Секако тоа не е задолжително. Може да биде и од други материјали.
ЧЕКОР 2 – Проверете садот да нема дупки од каде би можел песокот да истече. Поставете го на рамно и стабилно место. Тоа нека биде мирна просторија, со малку движења на луѓе за да потикнете медитација.
ЧЕКОР 3 – Наполнете го садот со песок, ситен чакал и гранит. Распоредете ги рамномерно низ садот. Ако забележите нечистотии измешани, отстранете ги, особено ако има плевел.
ЧЕКОР 4 – Ставете ги камењата на песок. Не ставајте премногу камења бидејќи тие можат да ја совладаат енергијата на вашата зен градина. И не поставувајте ги ниту симетрично. Подобро е да ги ставите интуитивно без да размислувате за еднакви пропорции.
ЧЕКОР 5 – Украсете ја вашата зен градина како што сакате. Можете да додадете мали растенија (без претерување за да ја одржите суштинската едноставност). Можете да поставите мали статуи кои ја претставуваат вашата желба за благосостојба, темјан, свеќи и што друго сакате. Имајте предвид дека не треба да ја претрупувате градината. Треба да биде едноставно за да се создаде спокојство и смиреност.
ЧЕКОР 6 – Користете го греблото за да направите мали бранови во песокот околу камењата и другите елементи, како да стануваат бранови во морето. Со создавање на овие бранови, вие природно се релаксирате, ослободувајќи ја целата ваша енергија и стрес.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.