Илјадници години луѓето во Кина и Јапонија консумираат зелен чај поради неговите здравствени придобивки и смирувачки ефекти. Многу истражувања покажаа дека пиењето зелен чај може да превенира заболувања на срцето, да помогне при дијабетес тип 2 и да го одржува здравјето на коските.
Зелениот чај се прави од истите листови како и црниот чај, со таа разлика што листовите од зелениот чај не се ферментираат. Ова не само што ја зачувува зелената боја на чајот, туку и ја подобрува содржина на антиоксиданси што всушност и го прави самиот чај толку корисен.
Во продолжение прочитајте за здравствените придобивки од зелениот чај, ризици, како и совети за негово вклучување во секојдневниот живот.
Придобивки од зелениот чај
Редовното пиење зелен чај може да помогне да се спречат некои хронични здравствени состојби или да се ублажат постоечките. Досега, истражувањата откриле дека зелениот чај помага при:
Подобрување на менталното здравје
Постои хемиско објаснување зошто топла шолја зелен чај може да биде релаксирачки ритуал. Чајот, заедно со некои видови печурки, содржи аминокиселина наречена теанин која според многу истражувања може:
- да ослободи од стресот
- да придонесе за релаксација
- да ја намали вознемиреноста предизвикана од кофеинот
Зелениот чај особено има најголема концентрација на теанин во споредба со другите видови чај како улонг, црн и бел чај.
Подобрување на меморијата
Зелениот чај може да ја подобри меморијата делумно благодарение на теанинот кој го содржи. Екстрактот од зелениот чај ја подобрува работната меморија, вид на краткорочна меморија која е важна за планирање, разбирање, расудување и решавање проблеми.
Заштита од невродегенеративни болести
Некои истражување покажале дека пиењето зелен чај може да заштити од одредени невродегенеративни болести како Алцхајмер и Паркинсова болест. Ова најверојатно се должи на високата концентрација на антиоксиданти во зелениот чај. Зелениот чај се смета како најдобар чистач на слободните радикали. Антиоксидансите ги бранат клетките од оштетување што, со текот на времето, инаку би довело до невродегенеративни болести.
Намалување на крвниот притисок
Високиот крвен притисок е водечка причина за срцеви заболувања и мозочен удар бидејќи ја оштетува слузницата на артериите, што ги прави поподложни на таложење на наслаги, што ги стеснува артериите што водат до срцето и мозокот. Ако високиот крвен притисок не се лекува, може да доведе и до откажување на бубрезите.
Способноста на зелениот чај да го намали крвниот притисок може да се должи на неговата висока содржина на антиоксиданси. Овие антиоксиданси го намалуваат воспалението и ги шират крвните садови, така што крвта може полесно да тече.
Подобро здравје на коските
Зелениот чај исто така може да го спречи губењето на коскената маса. Намалената коскена маса го зголемува ризикот од остеопороза, болест која ги прави коските покревки и може да доведе до фрактури на колковите, ‘рбетот или зглобовите според. Особено луѓето во постменопауза се изложени на поголем ризик да развијат остеопороза.
Консумирањето зелен чај е поврзано со намален ризик од остеопороза, најверојатно поради неговата висока концентрација на антиоксиданси кои помагаат да се спречи губење на коскената маса и да се подобри формирањето на коските.
Спречување и управување со дијабетес тип 2
Конзумирањето чај – вклучувајќи го и зелениот чај – може да биде ефикасен начин за спречување и управување со дијабетес тип 2. Антиоксидансите на зелениот чај, особено, може да ја намалат отпорноста на инсулин.
Отпорноста на инсулин се јавува кога клетките се помалку чувствителни на хормонот инсулин, кој им помага на клетките да го претворат шеќерот во крвта во енергија. Тоа е еден од главните фактори на ризик за развој на дијабетес тип 2.
Ризици
Безбедно е да се консумираат до осум шолји зелен чај дневно. Но, поголемите количества зелен чај може да имаат контаиндикации со одредени лекови, како оние за висок крвен притисок или за срцеви проблеми. Затоа ограничете го дневното консумирање на зелен чај на неколку чаши дневно.
Совети за консумирање зелен чај
Без разлика дали го пиете зелениот чај топол или ладен, имајте ги овие неколку совети на ум:
- Размислете да купите природен зелен чај без кофеин. Една шолја зелен чај содржи 28 грама кофеин. За оние кои се чувствителни на кофеин, ова може да предизвика анксиозност, брз пулс и нервоза,
- Внимавајте на вашиот засладувач. Ако додадете шеќер, мед или друг засладувач во вашиот чај, запомнете дека прекумерното консумирање шеќер може да придонесе за зголемување на телесната тежина, дијабетес тип 2 и срцеви заболувања.
- Бидете креативни. Зелениот чај може да го користите и во смути или при варење ориз и зеленчук на пареа.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.