Сок од портокал, јогурт или кафе – тоа е она што повеќето луѓе го замислуваат како соодветен здрав појадок. За жал, малкумина се свесни дека некои видови храна не се многу добри за нас, доколку се консумираат на празен стомак.
Храна која треба да се избегнува на празен стомак:
Пецива – храната која содржи квасец, ја иритира слузокожата на желудникот и може да предизвика надуеност и гасови.
Слатки – јадењето шеќер го зголемува нивото на инсулин, што за возврат значително го зголемува товарот на панкреасот кој „штотуку се разбудил“ што може да предизвика дијабетес.
Јогурт и други ферментирани млечни производи – ако пиете јогурт на празен стомак, хлороводородната киселина која се формира во стомакот ги убива бактериите на млечната киселина. Па така, консумирањето на овие продукти на празен стомак има мала корист за вашиот организам.
Круши – влакната кои се наоѓаат во крушите можат да им наштетат на деликатните мукозни мембрани на желудникот ако се јадат на празен стомак.
Домати – тие содржат високо ниво на танинска киселина која ја зголемува киселоста во стомакот што може да доведе до гастритични улцери.
Краставица и други зелени зеленчуци – свежиот зеленчук е богат извор на аминокиселини. Сепак, тие може да предизвикаат горушица (печење кај градната коска), надуеност и гасови, болки во стомакот, особено кога се консумираат на празен стомак и треба да бидат дел од еден здрав појадок наутро.
Банани – ако јадете банани на празен стомак, тоа ќе доведе до нагло зголемување на количината на магнезиум во крвта. Ова може да му наштети на вашето срце.
Зачини – зачинетата храна може да предизвика оштетување и иритација на слузокожата на желудникот и да го зголеми производството на киселина во желудникот. Ова придонесува за многу вообичаени пореметувања на дигестивниот систем.
Газирани пијалоци – пиењето газирани пијалоци во утринските часови може да ги оштети вашите мукозни мембрани и да дојде до намалување на снабдувањето со крв во стомакот. Како резултат на ова, храната побавно се вари.
Цитрусни овошја – тие се богати со овошни киселини. Кога се консумираат на празен стомак може да предизвикаат горушница (печење кај градната коска) и можат да го зголемат ризикот од појава на гастритис или улцер.
Храна која треба да ја консумирате на празен стомак како здрав појадок:
Овес – создава заштитен слој околу внатрешната обвивка на желудникот со што се спречува хлороводородната киселина да предизвика штета на ѕидовите на желудникот. Овесот исто така содржи растворливи влакна кои се корисни во намалувањето на нивото на холестерол во организмот.
Хељда – нежно го стимулира дигестивниот систем, а воедно е и одличен извор на протеини, железо и витамини.
Пченкарна каша – помага да се отстранат отровите и тешките метали, ја нормализира цревната микрофлора и ви дава чувство на ситост.
Пченични никулци – 2 лажици пченични никулци ви обезбедуваат 15% од препорачаната дневна вредност на витамин Е и 10% од препорачаната дневна вредност на фолна киселина. Пченичните никулци исто така го стимулираат дигестивниот систем да работи правилно.
Јајца – истражувачите утврдиле дека јадење јајца за појадок може да ја намали вашата дневна доза на внесување калории на половина.
Лубеница – јадењето лубеница на празен стомак, обезбедува добра количина на течности. Згора на тоа, лубеницата е добра за здравјето на вашите очи и срце бидејќи е богата со ликопен.
Боровинки – според последните истажувања, редовното јадењето боровинки ја подобрува вашата меморија и го регулира крвниот притисок и метаболизмот, особено ако ги јадете за појадок.
Јаткасти плодови – јаткастите плодови кога се јадат за појадок го подобруваат здравјето на дигестивниот систем и ја нормализираат pH вредноста во стомакот.
Леб без квасец – јаглехидратите и другите хранливи материи кои се наоѓаат во лебот се неопходни за вашето тело. Најдобро време да се јаде овој производ е во раните утрински часови.
Мед – тој помага да го разбуди вашето тело во утринските часови и му дава сила и енергија на вашиот организам. Медот исто така ја зголемува вашата мозочна активност и го зголемува нивото на хормонот за среќа, серотонин.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.