Здравствените придобивки од печурки се огромни. Тие се богати со многу Б витамини, селен и цинк. Витамините Б се важни во производството на енергија во клетките. А селенот е моќен антиоксиданс, додека цинкот е неопходен за силен имунолошки систем.
Подолу може да прочитате за 6 здравствени придобивки од печурките
1. Печурките се добри за имунитетот и здравјето на коските
Кога се изложени на УВ зрачење, печурките генерираат витамин Д. Tоа е неверојатна хранлива придобивка за зеленчукот имајќи во предвид дека нема толку многу извори на храна – особено растителни извори – на витамин Д. Витаминот игра клучна улога во имунолошкиот систем и здравјето на коските. Препорачаната количина на витамин Д ја поддржува функцијата на мускулите и може да има антиканцерогени и заштитни својства на срцето.
2. Печурките го подобруваат варењето
Вашето гастроинтестинален тракт содржи трилиони бактерии, а конзумирањето печурки може да помогне таму да се населат добрите бактерии и со тоа да се одржи вистинска рамнотежа на бактерии. Истражувањето за печурките и гастроинтестиналниот тракт сè уште се развивa, но звучи навистина охрабрувачки. Печурките содржат пребиотици, кои се хранливи материи од кои се хранат пробиотиците. Затоа, пребиотиците од печурките може да помогнат во растот на оваа корисна бактерија. Пробиотиците се живи микроорганизми, или бактерии, кои може да имаат здравствени придобивки за телото, бидејќи помагаат во варењето и произведуваат хранливи материи.
3. Печурките се добри за крвниот притисок
Печурките се богати со калиум. Калиумот помага во контролата на крвниот притисок преку неутрализирање на ефектите на натриумот и со подобрување на функцијата на крвните садови. Како? Повеќе калиум во вашата исхрана го поттикнува излачувањето на натриум во урината. Печурките исто така може да помогнат во подобрување на нивото на холестерол и триглицериди и да го намалат воспалението.
4. Печурките се добра замена за црвеното месо
Печурките додаваат вкус сличен на месо во храната. Истражувачите откриле дека учесниците во истражување кои консумирале една порција печурки дневно наспроти оние кои консумирале една порција преработено или црвено месо имале 35% помал ризик од смрт.
Можната причина за ова е што покрај тоа што ги содржат антиоксидансите ерготионеин и глутатион, печурките се исто така ниски во калории, натриум и маснотии и богати со влакна. Во исто време, луѓето кои консумираат печурки имаат тенденција да јадат поздрава исхрана, така што не е јасно дали само консумацијата на печурки е одговорна за подолг животен век на учесниците.
5. Печурките може да го зајакнат здравјето на мозокот
Сите сакаме да имаме бистар ум кога старееме, но 12 до 18% од луѓето на возраст од 60 или повеќе години имаат благо когнитивно оштетување, состојба која понекогаш е претходник на Алцхајмерова болест и влијае на меморијата, мисловните вештини и расудувањето. Здравата исхрана е важна за стареењето на мозокот, а дел од таа исхрана можат да бидат и печурките.
Една можна причина за нивните когнитивно-заштитни својства? Ерготионеинот не само што е антиоксиданс, туку има и антиинфламаторни својства, кои можат да штитат од оштетување на невроните.
6. Психоактивни печурки се потенцијален третман за состојби поврзани со менталното здравје
Многу се зборува за користење на псилоцибин, халуциногено соединение кое се наоѓа во „магичните печурки“, како психоделичен третман за состојби како депресија и пострауматски стрес. И, кога се консумираат под надзор, овие терапии многу ветуваат. Во едно истражување било откриено дека шестнеделен третман со псилоцибин е исто толку ефикасен како и есциталопрам кој е стандарден антидепресив, за ослободување од депресија.
Во моментов, големите истражувачки капацитети го истражуваат псилоцибинот како терапија за депресија, бидејќи психоделиците може да бидат корисни во олеснувањето на новите нервни врски. Овој тип на третман ќе биде новата иднина. Иако псилоцибинот може да се користи во одредени специфични истражувачки поставки, тој моментално е нелегален за лична употреба и не е одобрен за медицинска употреба во скоро сите земји.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.