Во текот на нашите животи, учиме колку е важно поставувањето на здрави граници за нашето духовно здравје и благосостојба. Како што учиме да се сакаме и дефинираме себеси дур се развиваме, така учиме и да се заштитиме и да ги почитуваме нашите нивоата на енергија. Кога ги прифаќаме/правиме работите што навистина не треба или навистина не сакаме да ги правиме, ја трошиме нашата енергија. Мора да научиме да кажеме не кога тоа е потребно. Секогаш ќе има и други моменти кога ќе има случај или ситуација кога ќе можеме и ќе сме подготвени и среќни да помогнеме.
Кога ќе се најдеме себеси како велиме „да“ за да ги направиме другите среќни, можеби дозволуваме да бидеме манипулирани поради нашата добра природа. Сè уште можеме да се грижиме за другите и да ги поддржуваме, но мораме да разбереме дека почитувањето е од суштинско значење. Мораме да се втемелиме во смиреност за да си дозволиме да зборуваме јасно и самоуверено за нашите чувства. Мораме доволно да се почитуваме себеси за да разбереме дека е во ред да кажеме „НЕ“. Во ред е да побарате од некој да не зборува со вас на негативен или нељубезен начин. Во ред е да се прекине манипулативното пријателство доколку е потребно. Можеме и мораме да научиме да се ослободиме од потребата да бидеме сакани од сите. Кога ќе успееме во тоа, ние сме слободни.
Границите исто така значат да ги задржиме личните животни информации само за оние блиски луѓе на кои им веруваме. Не мора да ја споделуваме целата наша животна приказна со луѓе кои едвај ги познаваме. Тоа може да нè остави да се чувствуваме ранливо и истрошено. Културата во која живееме може да биде многу осудувачка, а често е и култура која не простува. Прекумерното споделување може да доведе до непотребна анксиозност, па дури и до депресија.
На некои луѓе нема да им се допадне ако ја кажувате својата вистина, и тоа е исто така во ред. Ако можете јасно и мирно да ги изразите вашите желби и мисли, тоа ќе ви помогне да ја одржите ситуацијата смирена.
Може да биде предизвик да се биде во присуство на други кои имаат стресни особини на личноста. На пример, екстремните нарциси не практикуваат здрави граници. Поради недостаток на емпатија, тие имаат силно чувство дека имаат право да ги искористуваат другите. Границите можат да помогнат да се спречи нивното влијание врз вашата енергија. Сите можеме да имаме нарцисоидни особини со кои се справуваме во текот на животот. Повеќето од нас учат додека чекориме на патот и се стремиме да направиме промени кога чувствуваме дека можеме подобро. Многу луѓе минуваат низ животот со или без разбирање како нивното однесување влијае на другите и немаат желба да се менуваат.
Совети за справување со нарцисоидни или тешки личности:
- Прифатете ги такви какви што се
- Поставете граници за да одредите што е неприфатливо однесување
- Кажете ја вашата вистина мирно и спокојно
- Очекувајте реакција на вашата вистина
- Запомнете си ја вистината како што ја доживувате
- Најдете /побарајте подршка од други
- Не ја спуштајте вашата енергија на нивно ниво или не го хранете нивното его само за да постигнете мир
- Не преземајте одговорност за нивните емоции
Нарцисите знаат да бидат многу драматични и шармантни. Тие се исклучителни во создавањето магична слика за себе која привлекува внимание. Стануваме привлечени од нивниот привид дека имаат сè под контрола. Можеме да им дадеме премногу од нашата моќ и да се изгубиме себеси во тој процес. Ним им треба нашето восхитување за да преживеат, и тие напредуваат со енергијата што тоа ја носи. Нарцисите уживаат кога собираат обожаватели. Безусловната љубов кон другите ја нема во нивниот речник. Кога ќе престанат да ја добиваат контролата и моќта што им се потребни, губат интерес, дури и се лутат, обвинувајќи ги другите зошто работите не функционираат.
Исто така, може да биде предизвик да се справите со личности кои глумат „жртва“ во секоја прилика. Тие постојано се жалат, но никогаш не преземаат чекори за да ја променат својата ситуација. Нашата енергија се „троши“ од слушање и обидување да понудиме решенија кои никогаш нема да се применат. Тие знаат како да го придобијат вниманието и енергијата играјќи на нашата емпатија и чувствителна природа.
Ние не сме одговорни да ги „поправаме“ сите, да им овозможиме или да им кажеме дека е во ред да бидат емотивно навредливи само затоа што „тие се такви“. Постојат способни професионалци кои работат со луѓе со нарцизам и други предизвици на личноста. Тие им помагаат на оние кои ќе станат свесни за основата на нивната потреба да контролираат и манипулираат, сакајќи да работат на нивните животни и духовни вештини.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.