Нашата грижа за себе доаѓа во многу различни облици. Во одредени денови тоа може да биде јога, вежбање или здраво јадење, други денови тоа може да значи одмор, смеење со пријателите или едноставно уживање во добрите работи во животот. Она што го дефинираме како грижа за себе варира од личност до личност, што значи дека од суштинско значење е да ги одржуваме нашите граници. Не можеме да очекуваме луѓето да ни ги читаат мислите. Наша одговорност е прво да се грижиме за себе, за нашиот мир и среќата. Одвојувањето време за себе не е себично, туку е неопходно за да можеме да „опстоиме“ во овој брз свет.
Само-откривањето е од клучно значење. За да го најдеме она што ни треба, потребно е да нурнеме длабоко во себе за да откриеме кои сме. Ова е само едно парче од сложувалката. Иако од првиот здив сме сами со себе, постојано откриваме нови атрибути, детали, карактеристики и промени во нас. Животот може да биде ролеркостер од секакви искуства. Можеме да ги избереме нашите одговори на животните стимули, без разлика дали се позитивни или не. Нурнувајќи длабоко во себе можеме да откриеме непознати навики, однесувања, одговори, особини и потреби. Што е потребно за да бидеме среќни?
Животот е понекогаш турбулетен. Постојано се тркаме да останеме во чекор со работите. Добрар дел од нас се зафатени од моментот кога се будат наутро до моментот дур не заспијат навечер. Секогаш треба нешто да направиме. А кога се одмораме или ги полниме батериите? Со многу труд, успеваме. Наоѓаме време за себе си и забележуваме дека сме посреќни, поживи и помалку под стрес кога го правиме тоа. Тоа се квалитети кои можат да бидат од голема корист за нашите животи. Не можеме да истуриме од празна чаша, но можеме да работиме на нашата самосвест кога се чувствуваме празни.
Откако ќе дознаеме, сфатиме што ни е потребно за да ги наполниме батериите, следниот чекор е да го примениме тоа. Ова може да биде тешко за некои, особено за оние кои имаат навика да ги ставаат другите на прво место. Иако тоа е благородна идеја, доколку не се грижиме за себе се исцрпуваме кога постојано се грижиме за другите, а не за себе.
Секогаш ќе бидат потребни здрави граници и рамнотежа за управување со нашиот животен стил. Дефинитивно тоа си носи свои предизвици. Можеби ќе треба да скратиме од времето во други области за да го постигнеме тоа. Но, работите кои сакаме да ги имаме, како мирот и среќата, здрави граници, добри односи со себе и останатите, некогаш е потребно да се „избориме“ за да ги имаме.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.