Уште од мали не учеле дека овошјето и зеленчукот се потребни и важни за добро здравје, но што точно го прави овошјето да биде толку моќно? Различните хранливи материи и минерали кои се составен дел од овошјата придонесуваат за здраво и правилно функционирање на организмот.
Дали знаевте:
- Бабурите се всушност овошје;
- Авокадото е овошје;
- Смоквите се богати со калциум и една порција смокви има еднакво калциум колку чаша млеко;
- Кивито има повеќе витамин Ц од портокалот;
- Кокосот содржи повеќе заситени масти од путерот.
Иако овошјето општо земено е корисно за нашето здравје, треба да се земе во предвид големината на оброкот. Важно е да се консумира во регулирани порции, особено некои овошја како мангото на пример, кое е релативно богато со шеќер во споредба со другите овошја. Јадењето овошја во големи количини кои се богати со шеќер и масти може да го зголеми ризикот од развој на дијабетис тип 2. Кога одбирате кои овошја ќе ги консумирате, внимавајте на замрзаните овошја како замрзнати јагоди, малини, манго и боровинки на кои може да им биде додаден шеќер, конзерванси и адитиви кои ги одземаат нивните природни хранливи вредности. Додека овошјето кое е свежно е добро за здравјето, конзервираното овошје (кое често содржи овошен сируп) не дава исти бенефити. Спротивно на тоа, овошните сокови покажуваат многу бенефиции, но кога купувате овошни сокови осигурајте се дека купувате 100% природни сокови, бидејќи и соковите можат да содржат дополнителни шеќери и адитиви. Во секој случај запомнете дека, ПРИРОДНОТО Е НАЈДОБРО и дека користа лежи во УМЕРЕНОСТА.
ДИЊА
Придобивки: богати со антиоксиданси, витамин Ц и калиум. Антиоксидантите имаат широк спектар на дејствување, помагаат во спречување на настинка, а можат да помогнат дури и во спречување на различни видови рак.
ЛУБЕНИЦА
Придобивки: иако лубеницата е 92% вода, таа е богата со многу антиоксиданти. Лубеницата е богата со аминокиселина наречена л- цитрулин која помага во олеснување на болката во мускулите, што е добра и здрава опција за спортистите.
КОКОС
Придобивки: многу истражувања покажуваат дека кокосот и кокосовото масло имаат многу антиоксиданти, антистрес и антидепресивни ефекти. Овие ефекти можат да се препишат на посебните видови масни киселини кои се наоѓаат во кокосот, кои помагаат во намалување на депресијата особено кога се во вид на масло.
ЈАГОДИ
Придобивки: имаат висок антиоксидантен капацитет, бидејќи се богати со витамин Ц, фолна киселина и фенолни состојки. Едно истражување од 2012 година, покажа дека хранливите материи во јагодите придонесуваат за сеопфатно подобрување на метаболизмот, што може да помогне со губење на тежината.
СМОКВИ
Придобивки: смоквите имаат многу корисни витами и минерали. Една порција со 3 до 5 смокви обезбедува 30% од препорачаната дневна вредност на железо, 14% калиум и 7,1% витамин Б1. Овие витамини/минерали заедно со растворливите влакна кои се наоѓаат во смоквите се корисни при контрола на телесната тежина, шеќер во крвта и холестеролот во крвта. Смоквите се богати со калциум и немаат натриум, масти или холестерол, што ги прави добра опција за лица кои имаат здравствени проблеми.
БОРОВИНКИ
Придобивки: боровинките се богати со антиоксиданти. Една чаша боровинки обезбедува 14% од препорачаната дневна доза на влакна и 25% од препорачаната дневна доза на витамин Ц. Влакната играат голема улога во дигестивниот систем, а витаминот Ц помага во заздравување на раните и одржување на здрави коски и заби. Боровинките имаат анти неуродегенеративни својства бидејќи тие ги модулираат патиштата кои се вклучени во воспалувања, преживување и трансмисија. Ова значи дека тие помагаат во здравјето на мозокот и помагаат при добро ментално и физичко здравје.
КИВИ
Придобивки: во 2011 година беше објавено истражување во кое се тврдеше дека кивито има способност да го подобри квалитетот на спиењето кај возрасни кои патат од хронична несоница, бидејќи е богато со серотонин и фолна киселина. Овие две соединенија се поврзани со РЕМ спиењето (спиење кое помага со учење и меморија). Кивито е исто така овошје со корисни антиоксиданти. Голем број на антиоксиданти присутни во кивито можат да помогнат при детоксификација на телото при борбата со оксидативното оштетување. Кивито исто така ја намалува можноста за добивање на грип, затоа што е богато со хранливи материи кои поттикнуваат силен имунолошки систем. Кивито е богато со витамин Ц, витамин Е, витамин К, фолна киселина, калиум и растителни влакна.
ВНИМАНИЕ: Кивито може да предизвика алергиски реакции кај некои поединци.
МАНГО
Придобивки: мангото е слатко, сочно и речиси премногу добро овошје за да се смета за здраво. Сепак, тоа е корисно за имунолошкиот систем, бидејќи е богато со витамин А, витамин Ц, и 25 други хранливи материи кои го зајакнуваат имунитетот. Витаминот А во мангото помага за здравјето на очите. Покрај тоа антиоксидантот пронајден во мангото, зеаксантин, игра голема улога во заштита на видот.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува Омниа.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Омниа.мк.